Големиот пожар во Хамбург сè уште гори и после 27 часа

April 10, 2023
1 min read

Околу 27 часа откако се запали, големиот пожар што уништи неколку магацини и го покри пристанишниот град Хамбург со црн чад сè уште не е изгаснат, соопшти денеска портпаролот на локалната полиција.

Тој додаде дека денеска продолжуваат операциите за гаснење на огнот.

Причината за пожарот и вредноста на оштетениот имот остануваат непознати, изјави портпаролот. Во пожарот нема жртви.

Магацинскиот комплекс на дилер на автомобили во областа Ротенбургсорт на реката Елба, се запали вчера откако прво пламнале возила, машини за перење и други стоки кои биле складирани надвор.

Потоа се запалиле неколку контејнери во кои имало запаливи течности.

Огромниот облак чад што се создаде од пожарот го покри градот со црн облак, што предизвика предупредувања од локалните власти за штетни гасови. Локалниот и меѓуградскиот сообраќај на истокот од градот неколку часа беше ограничен.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пропадна и третиот јавен повик на Град Скопје за приватните превозници

Следно

Жиру блиску до продолжување на договорот со Милан

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop