Големи штети по излевањето на реките Крива и Киселичка: Поплавени домови, отсечено село, однесени пешачки мостови

June 16, 2023
1 min read

Крива Река и Киселичка Река вечерва се излеаја и предизвика големи штети, однесени се пешачки мостови, поплавени се домови на граѓаните, а селото Т’лминци со над дваесетина жители е отсечено.

Општина Крива Паланка повика на смиреност по новонастанатата состојба и излевањето на долови и делови од Крива Река.

– Се повикуваат на смиреност граѓаните, службите од Општината се на терен, се превземаат сите мерки, целокупната расположлива механизација од општинските служби и од приватни фирми, кои се одѕваа на повикот на градоначалникот, е на терен. Состојбата е под контрола, повикуваме сите граѓани да останат смирени и крајно внимателно да се однесуваат и да постапуваат, особено во реонот по десниот брег на течение на Крива Река, како и во реоните каде што има појава на свлечишта. Да не се користат пешачките мостови, а т.н. „Осички мост” е затворен за сообраќај, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Дојдено е до поголемо излевање на повеќе долови, а надојдените водотеци, долови и буици предизвикаа излевање на Крива Река.

Службите информираат дека со пумпи се врши испумпување вода во неколку куќи кај местото викано Тополки кај населбата Мизовски Ливади, а кај градскиот базен постои опасност од излевање на реката. Водите на Крива Река однесоа повеќе пешачки мостови кај Пашина Воденица, а т.н. Карчов Мост, спроти градскиот пазар, е залеан во коритото на реката.

Сите служби се мобилизирани, механизација е на терен, а според информациите од Општинскиот кризен штаб, водостојот на реката се намалува, но сѐ што е потребно се работи на терен и формирани се тимови од општината кои се распоредени итно на сите критични локации.

Сите настанати штети, но и состојби од терен со излевање или појава на свлечишта да се пријават кај лицето за контакт од Општина Крива Паланка, Даниела Велковска, на тел. 075 229 000.

Информирани се надлежните институции, Центар за управување со кризи и на терен вечерва се очекува да пристигне директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Невреме со пороен дожд и силен ветер што попладнево го зафати Куманово и Кумановско, предизвика поплавување на улиците во централното кумановско градско подрачје, бидејќи шахтите не ја апсорбираа големата количина на вода, а силниот ветер откорна и неколку дрвја.

– Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ интервенираа на повеќе локации, ги чистат јавно прометните површини и ги санираат последиците, информираше градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Во текот на денот ЦУК испрати известување според податоците од УХМР, дека на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка е забележан висок водостој. -Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, стоеше во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зидан подготвен за враќање на тренерската работа

Следно

Осуда од Белата куќа за нуклеарната реторика на Путин

Latest from Blog

„НОВИОТ ТИМ“ на Филипче: Синот на Фрчко кој призна шмркање КОКАИН на Бихаќка се враќа во СДСМ

Александар, другарчето на Заев од јахтата на која аздисуваа со Филипче и ултра лузер на изборите за Аеродром станува потпретседател, исто и нејбезличната министерка за труд и социјала, Тренчевска. Верувале или не,

Австрија нема да забрани палестински знамиња, ниту ќе го пригуши свиркањето за време на израелсјкиот настап на Евросонг 2026.

Австрискиот јавен радиодифузен сервис ORF, домаќин на Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година, нема да забрани палестински знамиња од публиката ниту да ги пригуши свиркањата на настапот на Израел како што

Откриени се илјадници траги на диносауруси, стари 210 милиони години- научниците зачудени

Дал Сасо рече дека трагите од диносаурусите формираат траги долги стотици метри и се толку добро сочувани што некои дури имаат отпечатоци од прсти и траги од канџи, објави Би-Би-Си. „Тоа е
Go toTop