Голема промена на ВАР на ЕУРО

June 13, 2024
1 min read

Одлуките на ВАР технологијата, која им помага на судиите, ќе бидат подетално објаснети и прикажани на големите екрани на стадионите на претстојното Европско првенство во Германија, кое започнува во петок.

Ова ќе се направи за да им биде појасно на навивачите и медиумите, соопшти Европската фудбалска федерација УЕФА, а пренесува германската новинска агенција ДПА.

Техничките објаснувања за одлуките што ВАР и судијата ќе ги донесат надвор од теренот ќе бидат прикажани и објаснети на големите екрани на стадионите, а на телевизиите ќе им бидат достапни за што поскоро да ги опишат причините за секоја одлука.

На пример, наместо на екранот да се прикаже дека е досуден пенал за играње со рака, како што беше обичај досега, новото објаснување подетално ќе покаже кој играч играл со рака, каде го удрила топката и зошто ја оправдува конечната одлука на ВАР.

Преминот кон потранспарентна процедура во средата во Минхен го претстави извршниот директор на Судискиот комитет на УЕФА, Роберто Розети.

Воедно рече дека судиите ќе можат да им ги објаснат одлуките на двајцата капитени на тимовите, но дека останатите играчи кои протестираат или бараат информации за одлуката ќе бидат опоменати со жолт картон.

Ова правило е веќе употребено во сите три финалиња од овогодинешните европски клупски натпреварувања.

– Тоа го правиме за следните генерации, за фудбалот и имиџот на играта, за младите фудбалери и младите судии – рече Розети, пренесе француската новинска агенција АФП.

Екипите кои имаат голман за свој капитен, пред натпреварот, ќе изберат играч во поле да го замени голманот и судијата ќе може да му ги објасни одлуките.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако ова е иднината на ЕУ, тогаш ЕУ има голем проблем

Следно

Почина позната раперка: Имаше само 26 години, но најлошиот порок го плати со живот

Latest from Blog

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,
Go toTop