Голема потрага во Литванија: Исчезнати американски војници кај границата со Белорусија

March 26, 2025
1 min read

Четворица американски војници се водат како исчезнати за време на воена вежба на НАТО во Литванија, а постои стравување дека загинале, јавуваат локалните медиуми. Војниците исчезнале со оклопно возило во близина на границата со Белорусија, сојузник на Русија, по што литванските и сојузничките сили започнале обемна потрага.

Според порталот „Делфи“, телата на војниците веќе се пронајдени, но официјална потврда сè уште нема.

Портпаролот на литванската армија, мајорот Гинтаутас Чиунис, изјави дека можното место на инцидентот е лоцирано и дека акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Американската амбасада во Литванија потврди на социјалните мрежи дека војниците исчезнале на воениот полигон „Генерал Силвестрас Жукаускас“, во близина на Пабраде, во источна Литванија. Не е објавено точно кога исчезнале.

„Војниците, сите припадници на 1. бригада на 3. пешадиска дивизија, учествуваа во редовна тактичка обука во моментот на инцидентот. Во тек се напори за нивно пронаоѓање“, соопшти американската армија.

Литванските власти вчера добиле информации за исчезнувањето на војниците и нивното оклопно возило. Во потрагата учествуваат хеликоптери од литванските воздухопловни сили и Државната гранична служба.

Претседателот на литванскиот Одбор за национална безбедност и одбрана, Гиедримас Јеглинскас, истакна дека иако вакви инциденти може да се случат за време на големи воени вежби, од нив се извлекуваат важни лекции за подобрување на безбедносните стандарди.

Литванија е клучна членка на НАТО поради својата географска близина со Русија, а односите со Москва дополнително се заострија по руската инвазија врз Украина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Назначени нови началници на СВР Штип и ОВР Кочани

Следно

Фидан и Рубио: Стабилноста на БиХ е важна за Балканот

Latest from Blog

Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и
Go toTop