Голема потрага во Литванија: Исчезнати американски војници кај границата со Белорусија

March 26, 2025
1 min read

Четворица американски војници се водат како исчезнати за време на воена вежба на НАТО во Литванија, а постои стравување дека загинале, јавуваат локалните медиуми. Војниците исчезнале со оклопно возило во близина на границата со Белорусија, сојузник на Русија, по што литванските и сојузничките сили започнале обемна потрага.

Според порталот „Делфи“, телата на војниците веќе се пронајдени, но официјална потврда сè уште нема.

Портпаролот на литванската армија, мајорот Гинтаутас Чиунис, изјави дека можното место на инцидентот е лоцирано и дека акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Американската амбасада во Литванија потврди на социјалните мрежи дека војниците исчезнале на воениот полигон „Генерал Силвестрас Жукаускас“, во близина на Пабраде, во источна Литванија. Не е објавено точно кога исчезнале.

„Војниците, сите припадници на 1. бригада на 3. пешадиска дивизија, учествуваа во редовна тактичка обука во моментот на инцидентот. Во тек се напори за нивно пронаоѓање“, соопшти американската армија.

Литванските власти вчера добиле информации за исчезнувањето на војниците и нивното оклопно возило. Во потрагата учествуваат хеликоптери од литванските воздухопловни сили и Државната гранична служба.

Претседателот на литванскиот Одбор за национална безбедност и одбрана, Гиедримас Јеглинскас, истакна дека иако вакви инциденти може да се случат за време на големи воени вежби, од нив се извлекуваат важни лекции за подобрување на безбедносните стандарди.

Литванија е клучна членка на НАТО поради својата географска близина со Русија, а односите со Москва дополнително се заострија по руската инвазија врз Украина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Назначени нови началници на СВР Штип и ОВР Кочани

Следно

Фидан и Рубио: Стабилноста на БиХ е важна за Балканот

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop