Голема полициска акција во Скопје – Запленети 150 килограми дрога вредна 400.000 евра

May 3, 2023
1 min read

Вчера во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје биле пронајдени и запленети 150 килограми наркотична дрога марихуана со вкупна вредност од околу 400.000 евра, при што се лишени од слобода 4 лица. Имено, околу 17.00 часот на улица „Скупи“, биле запрени три патнички возила со скопски регистарски ознаки, и тоа „форд галакси“, управувано од Б.З.(44), кое имало улога на чистач, „пежо експерт“, управувано од Р.З.(49) каде сопатник била неговата сопруга Џ.З.(45), додека третото возило „БМВ“ го управувал нивниот син И.З.(19), сите од Скопје, соопштија денеска од полицијата. 


-При даден знак на полициски службеници за запирање на возилата, Б.З. со возилото се дал во бегство, но за кратко време од полициски службеници возилото било запрено, а возачот бил лишен од слобода. При извршен преглед во возилото „пежо експерт“ биле пронајдени 13 големи картонски кутии во кои имало 102 пакувања со марихуана, а од слобода бил лишен и возачот на „БМВ“, кој имал задача да предупредува за присуство на полиција. По обезбедени наредби за претрес на дом и други простории од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд биле извршени претреси на три локации и во автомеханичарски сервис на подрачјето на Ѓорче Петров, при што се пронајдени уште 4 картонски кутии со уште 32 пакувања со марихуана, голема дигитална вага, машина за пакување, повеќе ќеси, 8 црни големи патнички торби и ќеси со марихуана, два романски пасоши и 4 куршуми калибар 9 мм., информираше од МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Во текот на спроведената истрага, која полицијата ја водела, било утврдено дека Р.З. ја набавил дрогата при крајот на месец април 2023 година од албански државјанин, по што ја сместил во неговиот автомеханичарски сервис, каде ја препакувал и сместил во картонски кутии со цел за понатамошен транспорт за Р.Турција. Притоа, преку Секторот за меѓународна полициска соработка преку Интерпол од Р.Турција добиена е информација дека на 12.06.2013 Р.З. заедно со неговата сопруга и синот биле фатени и лишени од слобода при транспорт на 14.560 грама хероин, кој бил сокриен во специјално изработен бункер во патничко возило „фолксваген фетон“, негова сопственост, за што и издржувале затворска казна во Р.Турција.
Во текот на денешниот ден од страна на СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 и член 396 против сите четири приведени  лица. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Експлозии во повеќе региони низ Украина, меѓу кои и Киев

Следно

Уапсен таткото на момчето што пукаше во училиштето на Врачар

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop