Голема победа за Ивановски за четвртфинале во Опатија

March 27, 2025
1 min read

Македонскиот тенисер Калин Ивановски во изедначен и маратонски меч успеа да го совлада шестиот носител Вјачеслав Биелински од Украина во второто коло на ИТФ фјучрсот во Опатија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Ивановски победи со 2-1 во сетови (7:6(3) 5:7 7:6(4)) за 3 часа и пет минути игра.

Во првиот сет се водеше голема борба за секој поен, а тенисерите го освојуваа гемот на сопствен сервис. Во 13-тиот гем во тај брејкот под 1:0 на поени за Биелински, Ивановски направи серија од четири поени за предност од 4:1 и гемот го заврши со 7:3 на поени за водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет изедначео беше до 5:5 во гемови кога противникот на Калин успеа да направи брејк и сетот потоа го доби со 7:5 во гемови за 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет повторно неизвесност до 3:3 во гемови. Но, по направениот брејк украинскиот тенисер дојде до предност од 5:3 во гемови. Ивановски најави пресврт го доби деветиот гем во сетот за да намали на 5:4 во гемови. Во 10-тиот гем Биелински беше на две топки до победа на свој сервис, но македонскиот тенисер не го дозволи тоа и успеа од единствената брејк шанса да напарви брејк и да изедначи на 5:5 во гемови. По 6:6 во гемови следуваше уште еден тај брејк. Калин повторно почна одлично и поведе со 4:0 на поени и предноста ја зачува до крајот добивајќи го сетот со 7:4 на поени.

Ова е петта победа за Ивановски на овој турнир (три во квалификациите) и утре во четвртфиналето Калин ќе игра против вториот носител на турнирот Зденек Колар од Чешка (28 години, 399 место АТП). дс

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин: Плановите на САД во врска со Гренланд „не се екстравагантни разговори“

Следно

Јаневска од „Кој е следен?“ во Аргумент плус: Не сме поврзани со политички партии, нашите барања се насочени кон системски промени

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop