Голема донација на Европската Унија за скопската Итна помош – ќе и донира седум амбулантни возила

February 7, 2024
1 min read

Службата за Итна медицинска помош во Скопје се грижи за околу 600 илјади жители. Од 2015-тата, последната година за која има податоци, кубури со бројот на тимови.

Еден тим се состои од доктор, медицинска сестра и возач. Такви тимови, на хартија, имаат вкупно 45, а според владината уредба треба да имаат најмалку 63. Тоа се 18 тима помалку од законскиот минимум.

Статистички, оваа служба има 17 возила, но за итните повици се користат 11.

– Од тие 17 едно е ‘дачија дастер’ кое не е санитетско возило, а сепак е во нашата служба. Имаме два ‘рено трафик’ кои се од 2012 година и имаат поминато над 300 илјади километри и тие не можеме да ги вклучиме на итните покани. Имаме две возила ‘фоклсваген’ кои се од 2008 година и тие исто имаат над 300 илјади и не можеме да ги вклучиме во итни покани затоа што брзината на движење им е помала односно не одат, како што велат возачите, повеќе од 50, кажа неодамна раководителката на Итна медицинска помош – Скопје, Милица Бубало во интервју за ,,360 степени”.

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, денеска на Службата за итна помош Скопје ќе и примопредаде седум возила за брза помош финансирани од ЕУ.

Делегацијата на ЕУ, како што соопшти, обезбеди седум амбулантни возила финансирани од ЕУ за Итната помош во Скопје и Здравствениот дом Скопје. Возилата ќе превезуваат болни или повредени лица до болниците во Скопје. Главниот град има најголеми потреби и население во државата и донацијата ќе го ублажи недостигот од возила.

-Ова е најновата испорака на помош од ЕУ наменета да му помогне на здравството во обезбедување подобри услуги за граѓаните. Од 2021 година, Делегацијата на Европската Унија обезбеди системи за магнетна резонанца и за компјутерска томографија во осум болници низ земјата. Преку достигнување на стапка на искористеност на овие уреди како во земјите-членки на ЕУ, оваа медицинска радолошка опрема ќе придонесе за понавремена дијагностика. ЕУ продолжува да го помага здравствениот сектор во подобрување на целокупната здравствена инфраструктура. Проектите финансирани од ЕУ кои го поддржуваат спроведувањето на Стратегијата за здравство 2023-2030 и системот за трансплантација се во тек. Поддршка на програмата за скрининг и превенција на рак, програмата за неонатална грижа и надградбата на апликацијата „Мој термин“ се планирани за финансирање од ЕУ веќе во 2024 година, наведува Делегацијата во најавата за примопредавањето.
Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, денеска на Службата за итна помош Скопје ќе и примопредаде седум возила за брза помош финансирани од ЕУ.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Усвоени измените на Законот за рестриктивни мерки, тие што ќе се најдат на црната американска листа да не можат да вршат јавна функција

Следно

Гатузо поради италијанската мафија мора да го исели семејството

Latest from Blog

Барселона со голем гест по тешката повреда на Кристенсен

Барселона презема практични чекори за да го поддржи Андреас Кристенсен, на кого му е дијагностицирано делумно кинење на вкрстените лигаменти, бидејќи раководството на клубот работи на продолжување на неговиот договор. Се очекува

Полска пресретнала руски авион над Балтикот, воздушниот простор бил нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион кој летал во близина на нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и соопшти дека десетици објекти пристигнале од Белорусија преку ноќ. „Утрово, над

За овие хороскопски знаци, 2026 година ќе биде година од соништата за заработка

За пет хороскопски знаци, 2026 година ќе биде период кога универзумот неуморно ќе работи во нивна корист. Парите ќе се размножуваат преку мали навики што едвај ги забележувате, а позитивниот став ќе

ВЛЕН: Царината со рекордни приходи – над 100 милиони евра во државниот буџет

Државните институции можат да бидат ефикасни и во служба на граѓаните кога се водат со одговорност и професионализам. Царинската управа на Република Северна Македонија бележи конкретни и мерливи резултати, со над 100
Go toTop