Голем протест денеска во Белград: „Србија против насилството“

May 8, 2023
1 min read

Околу 17:30 часот претставниците на опозицијата ќе постават црно платно на скалите на зградата на парламентот, а потоа со граѓаните ќе тргнат на мирна прошетка која ќе оди преку плоштадот „Никола Пашиќ“ и улиците „Крал Милан“ и „Кнез Милош“ до зградата на Владата

За денеска во 18 часот пред парламентот на Србија во Белград е закажан голем протест наречен „Србија против насилството“. Повод за протестот се двата масакри во Србија минатата недела во кои беа убиени 17 лица.

Граѓани и претставници на опозицијата ќе се соберат пред зградата на парламентот, а потоа ќе се организира мирна прошетка до владата на Србија.

Околу 17:30 часот претставниците на опозицијата ќе постават црно платно на скалите на зградата на парламентот, а потоа со граѓаните ќе тргнат на мирна прошетка која ќе оди преку плоштадот „Никола Пашиќ“ и улиците „Крал Милан“ и „Кнез Милош“ до зградата на Владата. Никој од опозицијата нема да зборува на собирот, јавува Нова.рс.

Истакнати ќе бидат повеќе барања, чија цел, како што се наведува, е да се намали нивото на насилство во Србија. Најпрво, од властите се бара да го заменат менаџментот на РЕМ (регулаторното тело за медиуми) и на Радио-телевизија Србија, да се одземе националната фреквенција на телевизиските станици Пинк и Хепи, како и да се забранат таблоидите кои промовираат насилство.

Опозицијата бара и итна седница на парламентот на Србија на која ќе се расправа за владината одговорност за трагедиите во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградско Врачар и во селата Дубона, Мало Орашје и Шепшин, како и за безбедносната состојба во земјата.

По оставката на министерот за образование Бранко Ружиќ, се бара разрешување на министерот за полиција Бранислав Гашиќ и директорот на БИА (Агенција за безбедност на Србија) Александар Вулин.

* Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Израел: Бен-Гвир сака да стави крај на политиката за враќање на телата на убиените Палестинци

Следно

Кина и сојузниците ќе тргнат против доларот

Latest from Blog

Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција

Мерка притвор им е одредена на игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез, на неговиот помошник и на уште четрири други лица кои во понеделникот беа уапсени за поседување

Лидс Ј. сака да им понуди на Мурињо и Нуно Санто да го преземат кормилото

Раководството на англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед почна да разгледува опции за можна промена на тренерот. На списокот на кандидати на клубот се Жозе Мурињо и Нуно Еспирито Санто, објави „ТимТок“. Според изворот,

Јапонија одобри дополнителни санкции против Русија

Јапонската влада денес одобри дополнителни санкции против Русија, замрзнувајќи ги средствата на 51 група и 14 поединци поради војната во Украина. Како што изјави Министерството за надворешни работи на Јапонија, ова се

Туфахија

Состојки: 8 јаболка со средна големина (околу 1,5 кг) 200 грама шеќер 100 грама ореви 1 лажичка цимет 1/2 лажичка ѓумбир во прав 1 белка 1 лимон 1 шлаг 1 литар вода
Go toTop