Голем пожар на грчкиот полуостров Пелопонез, повредени тројца пожарникари

July 17, 2024
1 min read

Голем шумски пожар избувна претпладнево во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во поширокиот регион на Коринт, а според локалните медиуми, полесно се повредени тројца пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека станува збор за особено тежок пожар во предел со густа вегетација со борови дрвја, а интервенираат 19 воздушни средства.

Дополнително во гаснењето учествуваат 120 пожарникари со пет пешадиски тима, 32 возила, а помагаат и цистерни од општините.

Иако пожарот е шумски и во близина нема куќи, сепак од бројот 112 за итни случаи до жителите на населените места во околината беше испратена порака да бидат во состојба на готовност доколку биде потребна евакуација.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Домагој Дувњак повреден, но ќе настапи на ОИ во Париз

Следно

Анкета: Американците стравуваат дека ситуацијата излегува од контрола

Latest from Blog

УБАВИНА БЕЗ ФИЛТЕР: Зошто природниот изглед се враќа, по години перфекционизам

Уморни сме од совршенството што не постои – и конечно ја избираме автентичноста пред илузијата. Со години гледаме лица без пори, тела без несовршености и животи без грешки. Филтрите станаа вообичаени, а

Муцунски: Делегацијата во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија

Министерот за надворешна работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва истакна дека македонската владина делегација на Светскиот економски форум во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за

Мистер Бин во врска со порно ѕвезда?- таа со одговор: Излегувам со будала… (ФОТО)

Ова е чиста дезинформација и мамка за кликови, без потврда од релевантни или веродостојни извори. Приказната првпат се појави на 15 јануари 2026 година, на Фејсбук страницата „Keeping it Stuggy“, каде што

Нептун во Овен носи нова духовна ера

Со влезот на Нептун во Овен на 26 јануари 2026 година, започнува длабок и долготраен колективен пресврт. По децении во Риби, каде духовноста беше поврзана со повлекување, жртва, магла и бегање од
Go toTop