Голем број муслимани одат во Истанбул да ја видат наметката на божјиот пратеник Мухамед

March 24, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во џамијата Хирка-и Шериф во Општина Фатих во Истанбул, денес пред посетителите е изложена наметката на божјиот пратеник Мухамед, што верниците ќе можат да ја видат за време на Рамазан, светиот месец на муслиманите, јавува Анадолу.

Секоја година, илјадници верници од целиот свет ја посетуваат оваа џамија за време на месецот Рамазан за да го видат еден од највредните исламски артефакти – наметката на божјиот пратеник Мухамед наречена Хирка-и Шериф.

Според неговиот тестамент, оставена е на Вејсел Карани и е еден од важните свети предмети што се чуваат во Истанбул во Туркије.

Делот од џамијата каде што е изложена наметката се отвора секој ден во месецот Рамазан, а оние кои сакаат да ја видат ќе можат да го сторат до 27-та ноќ од Рамазан. Овој дел се затвора ден пред Бајрам.

По тој повод денеска во Истанбул се одржа свеченост на која присуствуваа официјални лица, Бариш Самир, потомок од 59-тата генерација на Вејсел Карани, како и голем број гости и граѓани.

Од утринава на влезот во џамијата се формираа долги редици верници кои сакаат да ја видат Хирка-и Шериф.

Бариш Самир, потомок од 59-та генерација на Вејсел Карани, информираше дека делот во кој е изложена Хирка-и Шериф е отворен за посетителите в петок, вториот ден од Рамазан.

Тој рече дека има голем интерес за наметката на божјиот пратеник Мухамед.

Меѓу посетителите беше и Неслихан Кандан, која рече дека мајка ѝ ја донела да ја види наметката.

„Тоа е истанбулска традиција. Доаѓаме рано да ја видиме Хирка-и Шериф, секој пат како да е прв“, рече Кандан.

И Реџеп Јилдиз е среќен што денеска имал можност да ја види Хирка-и Шериф.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360°: С Македонија ѝ донира 12 хеликоптери на Украина и купува 8 нови

Следно

Посетата на британскиот крал Чарлс на Франција одложена поради штрајковите и протестите

Latest from Blog

ФИФА објави радикална промена на химните пред мечевите од Светското првенство

ФОТО: FIFA.COM ФИФА објави радикална промена за претстојното Светско првенство во 2026 година. Сите 26 играчи од секоја репрезентација на Светското првенство ќе бидат на теренот за време на националните химни. На

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер се сретна со Путин

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер денес се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, објави руската државна новинска агенција Интерфакс. Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека приватната средба била „добра и пријателска“,

Ѕвзеда на Никс со забелешка за новинар: Арсенал загуби во финале, зошто го носиш тоа ѓубре?

Фото: Њујорк Х Одличниот бек на Њујорк Никс, Џош Харт, изненади со својата реакција на новинар кој носеше ознаки на англискиот фудбалски клуб Арсенал. „Знаете дека Арсенал го загуби финалето на Лигата
Go toTop