Ѓоковиќ вели дека снимката на која се појавува неговиот татко била погрешно протолкувана

January 27, 2023
1 min read

Тенисерот додава дека неговото семејство никогаш не би поддржало какво било насилство или војна

Според тенисерот Новак Ѓоковиќ, снимката на која се гледа како неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ позира со навивачите кои го држеа руското знаме е „погрешно протолкувана“. На таа снимка, додава Ѓоковиќ, неговиот татко само кажал „на здравје“, а се останато, според него, е лоша интерпретација на настанот.

„Видов како што сите други видоа што се случи и штета е што погрешното толкување на она што се случи ескалира на толку високо ниво“,

изјави Ѓоковиќ.

Тенисерот, како што јавија српските медиуми, дополнително изјавил оти неговиот татко ги поздравувал навивачите пред арената „Род Лејвер“ по секој натпревар што го играл за да им се заблагодари за поддршката.

„Се надевам дека луѓето ќе разберат дека немаше намера да се поддржат какви било воени иницијативи“,

изјави Ѓоковиќ и додаде дека неговото семејство никогаш не би поддржало какво било насилство или војна.

Срѓан Ѓоковиќ од дома го следеше мечот на својот син Новак Ѓоковиќ на тенискиот Грен слем турнир Австралија опен, откако претходно на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тој на Австралија опен позира со навивачите кои носеа руски знамиња и симболот „З“ кој ја претставува руската инвазија на Украина.

Тој потоа изјави оти немал намера да предизвика какви било немири, туку да го поддржи својот син.

„Бев излезен со навивачите на Новак како што правев после сите натпревари на мојот син за да ги прославам неговите победи и да се фотографирам со нив. Немав намера да бидам вклучен во ова. Моето семејство живееше низ ужасите на војната, а ние само сакаме мир“,

изјави таткото на тенисерот.

Австралискиот премиер Ентони Албанес, каде се одржува тенискиот турнир, утринава ја повтори силната поддршка на Австралија за Украина и ги критикуваше поддржувачите на руската инвазија откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таткото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на Австралија опен позира со навивачите кои носеа руски симболи и знамиња.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вечерва во 360° – интервју со премиерот: Влегува ли Алијанса и си оди (останува) ли Алтернатива?

Следно

СЗО објави публикација со листа на лекови кои треба да се подготват во случај на нуклеарен напад

Latest from Blog

Сарамандов: Гевгелија ќе продолжи да се развива како успешна, модерна и урбана заедница

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов на настанот за промоција на својата кандидатура за втор мандат за градоначалник на општина Гевгелија истакна дека се работи посветено за општината да се развива како урбана

Националниот тим подготвен за победа над Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство. По реми натпреварите со Велс и Белгија,

Откриена причината за трагичната несреќа на жичницата во Лисабон

Првите официјални наоди за страшната несреќа во Лисабон откриваат дека трагедијата на познатата жичница „Глорија“ се случила откако се скинал кабел што поврзувал две кабини, а во тој момент вработен се обидел

Голем пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, позната по брендот „Винчини“, побарана помош од соседните општини

Пожар избил попладнево во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, посебно позната по производите од брендот „Винчини“. Пожарот го зафатил магацинот и неколку производни погони, информираат од Центарот за управување со кризи. -Денес, во
Go toTop