Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

July 3, 2025
1 min read

Седумкратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ на убедлив начин стигна до победа во мечот од второто коло на Вимблдон против Британецот Даниел Еванс. Српскиот тенисер со 3:0 во сетови (6:3; 6:2; 6:0) со само пет загубени гема успеа да го елиминира Еванс.

Во првиот сет Ѓоковиќ се мачеше со реализацијата на брејк топките и ја искористи дури 10.та за да поведе со 5:3 во гемови и да го добие првиот сет. Во вториот сет реализацијата му беше стопроцентна и од две прилики имаше два брејка, додека во третиот сет на ривалот не му дозволи да освои ниту еден гем

Во третото коло противник на Ѓоковиќ ќе му биде сонародникот Миомир Кецмановиќ.

Од фаворитите од денешната програма кај мажите Григор Димитров од Бугарија со 3:1 во сетови го победи Корентин Муте од Франција, додека Алекс де Минуар од Австралија го совлада Артур Казо од Франција со 3:1 во сетови.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлогот за 60-дневен прекин на огнот во Газа предвидува ослободување на 10 израелски заложници и гаранции од САД

Следно

Врховниот суд и Судскиот совет очекуваат кредибилен процес во Скопје за кочанската трагедија

Latest from Blog

Костовски отвора ново поглавје во Бутел: Модерна градинка за 70 деца во Визбегово

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска потпиша договор за обезбедување финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населбата Визбегово, во општината Бутел. Според Костовски, новиот објект ќе се гради

Тоневски: Детската градинка во Пробиштип добива зголемени капацитети

Градоначалникот Тони Тоневски денеска потпиша Договор за грант во Министерството за социјална политика, демографија и млади за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата, во висина од 12.500.000
Go toTop