ГОДИНАШНИОТ СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ Е ГОЛЕМ ИСЧЕКОР ЗАШТО РЕЧИСИ СИТЕ КОНЦЕРТИ СЕ ЕКСКЛУЗИВНИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ОЛИВЕР БЕЛОПЕТА

October 14, 2024
1 min read

Ексклузивни концерти на музичари од два континента ќе го обележат 43. издание на Скопскиот џез фестивал, што ќе трае од 17 до 20 октомври. Настаните ќе се одржуваат во Националната опера и балет и во Младинскиот културен центар.

Основачот и првиот човек на фестивалот Оливер Белопета вели дека програмата го следи концептот од изминатите години, кој нашироко е опишан како успешен, а тоа е да го претставува она што е најактуелно и најкреативно во џезот и во импровизираната музика.

Целта ни е да останеме меѓу оние четири-пет-шест фестивали кои имаат најкреативна програма. Годинава имаме мал, односно голем исчекор, а тоа е дека најголемиот број концерти се наполно ексклузивни и се случуваат само во Скопје. Исклучок е само првата вечер, кога настапува најдобрата џез пејачка во последната декада Сесил Меклорин Салвант, која исто така беше планирана како ексклузива, но потоа си направи мала европска турнеја, која започнува овој четврток во Скопје. Сите други концерти не се дел од турнеи и музичарите доаѓаат специјално од САД, Велика Британија, Скандинавија“, вели Белопета.

Друга ексклузива е светската промоција на новиот албум на „Експлодинг стар оркестра“ на Роб Мазурек, која ќе се случи токму на СЏФ.

Фестивалот се отвора со настапот на Сесил Меклорин Салвант, по која македонскиот бенд „Некст ту сајленс“ ќе го промовира својот нов албум, во издание на СЏФ.

Покрај деветте концерти, во рамките на фестивалот ќе се прикаже нов документарен филм за Мајлс Дејвис и ќе се одржи изложба за Роб Мазурек.

Белопета вели дека е неизвесно дали фестивалот ќе успее да го задржи ова ниво на квалитет.

Првпат откако постои фестивалот не добивме поддршка од Град Скопје, а и Министерството за култура ни додели најмалку средства досега“, рече тој.

Г. КОНЕВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако Владата не префрли пари училиштата во Карпош ќе останат без греење поради долг од над 8 милиони денари

Следно

Тамара Котевска во степите на Сибир го снима својот нов филм

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за
Go toTop