Го славиме Преподобен Јосиф Песнописец

April 17, 2024
1 min read

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 април.

Денеска е Преподобен Јосиф Песнописец.

Овој Јосиф потекнуваше од Сицилија. Подоцна дојде во Солун и таму се замонаши. Во Цариград отиде по молба на Григориј Декаполит, кој беше восхитен од добродетелите на овој смирен монах и голем поет. Во време на иконоборечката криза преподобен Јосиф беше заточен од еретиците шест години на островот Крит, а откако помина шумот на оваа ерес, тој повторно се врати во Цариград.

Како голем духовник, кој најпрво самиот ги поминал сите скали во духовниот живот, светиот патријарх Фотиј го постави за духовник и исповедник на цариградското свештенство.

Се упокои мирно во 883 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извлечени групите за ракометните турнири на ОИ

Следно

(ВИДЕО) Дубаи под вода: Поплавени се автопатите и аеродромот

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop