Ѓинпинг замина од Москва: Односите меѓу Русија и Кина во „нова ера“ наспроти Западот

March 22, 2023
1 min read

За време на посетата на Москва, Си Ѓинпинг и Путин го пофалија влегувањето на нивните посебни односи во „нова ера“ наспроти Западот

Фото: EPA-EFE/SERGEI KARPUHIN / SPUTNIK

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг, по тридневната државна посета, утрово замина со авион од Москва. Неговата посета на Москва беше со цел зајакнување на врските со неговиот руски колега Владимир Путин, пренесуваат руските агенции.

Од московскиот аеродром „Внуково“ на испраќањето на Ѓинпинг присуствуваа високи руски претставници, а имаше и свеченост со свирење на руската и на кинеската национална химна, пренесуваат руските медиуми.

За време на посетата, Си Ѓинпинг и Путин го пофалија влегувањето на нивните посебни односи во „нова ера“ наспроти Западот.

Рускиот претседател претпазливо го поддржа кинескиот план за решавање на конфликтот во Украина додека го обвини Киев дека го отфрла.

Во отсуство на напредок во однос на Украина, целта на средбите беше, пред сè, да се демонстрираат силните односи меѓу Русија и Кина во време на зголемени тензии меѓу двете земји и Западот, пренесуваат светските агенции.

Во заедничката декларација, двајцата водачи го нападнаа Западот, ги обвинија САД дека ја „поткопуваат“ меѓународната безбедност за да ја зачуваат својата „воена предност“ и изразија загриженост поради зголеменото присуство на НАТО во Азија.

Пристигнувањето на Си во Москва претставува важна поддршка за шефот на руската држава, против кого Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење минатата недела под обвинение за воени злосторства извршени во Украина.

Кинескиот претседател беше во Москва во време кога Русија во голема мера ја преориентира својата економија кон Кина, а Западот ѝ воведе санкции.

Путин може да смета на поддршката на Пекинг за да ја пробие изолацијата што му ја наметна Западот од почетокот на конфликтот во Украина, како што е илустрирано со поканата на Си да ја посети во Кина оваа година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изречени 215 казни за возачите во Скопје

Следно

Израелски воени авиони истрелаа ракети врз сирискиот аеродром во Алепо, нема податоци за жртви

Latest from Blog

Што се случува со вашиот холестерол кога ќе почнете да земате витамин Д?

Многумина веруваат дека земањето додатоци на витамин Д може да помогне во намалувањето на нивото на холестерол, масна супстанција чии високи нивоа го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Иако витаминот Д е

ВЛЕН ја завршува 24-годишната битка за правично застапување

Коалицијата ВЛЕН го поздравува позитивното мислење на Комисијата на Венеција за Законот за правично и соодветно застапување, кој беше претставен од заменик-премиерот Арбен Фетаи, со што се дава зелено светло за процесот

Се огласи ЗНМ: СДСМ ја ограничува слободата на медиумите

Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи можат да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалуваат довербата во јавноста, што оправдано

Познат актер е најден мртов во својот стан во Њујорк- играше негативец во легендарен филм

Грин беше пронајден мртов во неговиот стан во Долниот Ист Сајд во Њујорк, потврди неговиот менаџер Грег Едвардс. Тој не ја наведе причината за смртта. Смртта на Грин првпат ја објави „Њујорк

Кој е планот на Трамп за Западен Балкан?

Новата стратегија за национална безбедност на САД, потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп, јасно покажува поместување на фокусот од глобалниот ангажман кон строго дефинираните интереси на САД, при што Западниот Балкан се
Go toTop