Гир: Со вклучувањето на Бугарите во Уставот, не се менува неговата суштина

February 1, 2023
2 mins read

Амасадорот на ЕУ, Дејвид Гир вели дека сите земји кои сакаат да се придружат на ЕУ, треба да ги применуваат стандардите за човекови права. Тоа се очекувањата, нагласува тој, и како тоа се одвива во една земја кандидат го следи Советот на Европа.

Гир во интервју за телевизија Телма додава дека и покрај тоа што во јавноста има многу различни мислења за отворањето на Уставот со цел да се направат потребните измени, односно да се внесат Бугарите во него, всушност треба сите да размислат што би значела таа измена во пракса.

-Промената на Уставот како прво е суверено одлука која треба да ја донесе оваа земја. Секако во право сте, слушаме многу различни гласови и тоа е на увид на јавноста. Мислам дека е важно да се повлечеме еден миг и да се запрашаме што е всушност оваа уставна измена или што значи во пракса. Во реалноста, тоа значи да се вклучи во Уставот, референца на поединците, граѓани на државата, кои се идентификуваат како Бугари. Тоа е суштината. Нема промена на суштинската природа на Уставот. Не се допира во идентитетот на земјата или нејзините суштински интереси. Оваа земја веќе има добри резултати на меѓуетнички односи. Овие промени се промени кои може да се спроведат, кои треба да се анализираат на објективен начин, треба да се повлечеме малку и да ги видиме. Да направиме споредба на пример со некои други земји. На пример, Хрватска, која во својот Устав вклучува повеќе од 20 заедници, вклучувајќи ги и Бугарите, Албанците и Македонците. Тоа не ја промени суштинската природа на Уставот или пак имаше последици на интересите на државата. Мислам дека е најважно да се спроведе дебата, која ќе земе предвид за што точно се работи. И да се обидеме да се тргнеме на страна од некаква повисока реторика која не ни помага да видиме за што станува збор, вели Гир.

Тој додава дека подготвени се да разговараат со сите за да објаснат како ЕУ гледа на тоа, но на крајот од денот, одлуката треба да ја донесе земјава.

Евроамбасадорот во интервјуто говори и за корупцијата, за која смета дека е најголемиот предизвик кој земјава мора да го реши, бидејќи сето тоа влијае врз правата на граѓаните, пристапот до образование, здравјето, вработувањето, унапредувањето.

-Сега, во глобала, имаше некои позитивни чекори во оваа област, одредени закони беа усвоени, некои институции веќе ефикасно работат, како Државната комисија за спречување корупција, како некои од ревизорските органи кои вршат важна работа. Но, како што знаете, законската регулатива не е доволна, таа треба да биде имплементирана, а ако не е имплментирана, мора да биде спроведувана. Што се однесува до судството, да, има некои индивидуи, има некои делови од судството и обвинителството, кои ја вршат работата која треба да ја вршат, но мислењето на јавноста за судството е навистина многу ниско. Затоа судството и обвинителството треба на јавноста да ѝ демонстрираат, треба преку постапки да ѝ покажат, дека може да има доверба оти овие институции ќе ја спроведат правдата, вели евроамбасадорот Гир.

Истакнува дека Владата мора да ја одигра водечката улога, но и другите институции како и медиумите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ФБИ во викендичката на Бајден во Далавер не пронајде доверливи документи

Следно

САД загрижени поради ослободувањето на осуден убиец на вработени во амбасадата во Судан

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop