Гир: Слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ

January 18, 2023
1 min read

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска изјави дека слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ и камен темелник на демократијата. Гир, кој денеска заедно со амбасадори од други земји членки на ЕУ е во посета на Охрид, не сакаше да го коментира кратењето на буџетот на Медиумската информативна агенција (МИА), поради што се преземени низа мерки, меѓу кои и затворање на дописничките места во странство, како и изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дадени за две телевизии.

– Нема да ги коментирам различните изјави на политичари и лидери, но дозволете ми да кажам дека слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ и нешто што одблиску го следиме. Слободата на медиумите е камен темелник на демократијата затоа што води сметка и осигурува дека граѓаните се добро информирани и можат да носат добро информирани одлуки. Тоа значи дека од една страна медиумите се задолжени да направат таков тип на веродостојни и точни информации и треба да се стремат кон највисоките професионални стандарди, и од друга страна е важно слободата на медиумите да биде зачувана и да биде заштитена од влијанија и вмешувања и од каква било други дејствија кои може да ги натераат новинарите на автоцензура или да се плашат од нешто, рече Гир.

Евроамбасадорот се наврати на одговорот за најважните прашања за ЕУ во однос на реформите и нашиот скрининг, потенцирајќи дека „и слободата на медиумите е едно од оние прашања кое навлегува во сржта на тоа што се нарекува фундаментални прашања“ и е од големо значење за Брисел. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извештај: Повеќе од 360 милиони христијани биле прогонувани во 2022 од верски причини

Следно

Уште една скопјанка касната од куче на Клинички

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop