Гимназијата „Никола Карев” прво пет-френдли училиште

November 20, 2024
1 min read

Гимназијата „Никола Карев” Ве поканува утре, 21 ноември, во 12 часот, да ја проследите промоцијата на првиот Пет френдли 𝙋𝙚𝙩 𝙛𝙧𝙞𝙚𝙣𝙙𝙡𝙮 училиштен клуб, со што нашата гимназија станува прво пет френдли училиште во земјава. Станува збор за хуманитарен настан за помош на бездомните животни, зад чија организација стојат ученици и професори од гимназијата.

На настанот е потврдено присуство на претставници од ЈП Лајка, од невладините организации за заштита на животните, како и претставници од Факултетот за ветеринарна медицина.

За бездомните животни ќе може да се донираат храна, ќебиња, играчки и слично, а дополнително ќе биде организиран хуманитарен базар каде ќе се продаваат разни рачни изработки. Исто така, овој настан ќе биде одлична можност за отворање на многуте прашања за проблемите што скопските населби ги имаат со кучињата скитници.

Со задоволство Ве информираме дека ќе имате привилегија да се запознаете со кучето Коста – омилениот меѓу учениците, кому гимназијата „Никола Карев” му стана дом. Тој ќе добие своја куќичка, топли прекривки и храна. По желба, ќе може да се организира „интервју” со Коста.

Воедно, ќе се води секојдневна грижа и за повеќе локални бездомни кучиња и мачки, за кои се подготвени четири куќички.

„Спаси живот, вдоми љубов”, е мотото на гимназијата „Никола Карев”, првото пет френдли училиште, а учениците велат: „Во училницата на животот, сите добиваме најдобри оценки кога делиме љубов”.

Настанот е вовед и во големиот јубилеј на гимназијата „Никола Карев” – 80 години постоење.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Турскиот министер за здравство, Мемишоглу: Ја разбивме криминалната група одговорна за смртта на новороденчињата

Следно

Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија и директорката на железничката инфраструктура поднесоа оставка

Latest from Blog

Андоновски: Владата го поддржува развојот на електронската трговија – преку стратегии, интероперабилност и намалена бирократија

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните

81 година слободен Прилеп – Проданоски: Да го продолжиме патот на нашите херои со дела, не само со зборови

Прилеп со гордост го одбележа најсветлиот ден од својата историја – 3 ноември, Денот на ослободувањето, кога пред точно 81 година градот ја извојува својата конечна слобода. На свечената седница по тој

Слот за враќањето на Трент на „Енфилд“: За него имам само убави зборови, добредојден е!

фото: Anfield Brasil (X) Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, пред новинарите откри како ќе го пречека дефанзивецот на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, кој претходно играше за „црвените“. Утре Ливерпул е домаќин на
Go toTop