Германскиот претседател Штајнмаер во официјална тридневна посета на Грција

October 29, 2024
1 min read

На покана на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер од денеска е во тридневна официјална посета на Грција, а ќе престојува во Солун, Атина и на островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалната програма, Штајнмаер денеска напладне ќе пристигне во Солун и со Сакеларопулу ќе го посетат просторот каде што во тек е изградбата на Музејот на холокаустот, ќе бидат примени од претседателот на Централниот еврејски совет на Грција и Еврејската заедница од Солун, ќе имаат средба со две жени кои го преживеаа Холокаустот, по што претседателите на двете земји симболично ќе засадат дрва.

Во текот на утрешниот ден германскиот претседател ќе биде свечено примен од Сакеларопулу во Претседателската палата во Атина, по што ќе следи средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Планирано е да присуствува и на настан по повод 150 години од германскиот Археолошки институт во Атина и да го посети и центарот за прием на бегалци и мигранти во близина на грчката метропола, додека во вечерните часови грчката претседателка ќе приреди свечена вечера во чест на Штајнмаер.

Тридневната посета на Грција, германскиот претседател ќе ја заврши на островот Крит и посета на селото Канданос во кое се наоѓа Меморијалниот музеј.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦИА предлага нов договор за прекин на огнот во Газа: Осум заложници за десетици Палестинци

Следно

Мицкоски: Животната средина е приоритет, околу 680 милиони денари добија општините за проекти во оваа област

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop