Германската група за заштита на мигрантите предупредува на зголемени расистички напади по нападот во Магдебург

December 31, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Државната мрежа на мигрантски организации во источната покраина Саксонија-Анхалт (ЛАМСА) денес предупреди на растечките напади против странците по смртоносниот напад во Магдебург овој месец, известува Анадолу.

„Има сѐ повеќе извештаи за расистичко непријателство кон луѓето со миграциско потекло. Документираните инциденти покажуваат дека расположението кај дел од населението е крајно напнато“, изјави Мамад Мохамад, извршен директор на ЛАМСА.

„Луѓето со миграциско потекло се чувствуваат несигурни и одвај се осмелуваат да одат таму (Магдебург) на улица. Стравуваме дека ситуацијата особено ќе се влоши на новогодишната ноќ“, додаде тој.

Мохамад ги повика жителите на Магдебург, како и политичките актери и граѓанското општество да заземат „јасен став против расистичката агитација и насилство“.

На 20 декември маж влета во топла луѓе со автомобил на божиќен базар, при што уби петмина и рани повеќе од 200 луѓе.

Обвинетиот е 50-годишен саудиски лекар, опишан како поддржувач на екстремната десница и ционизмот.

Тој дошол во Германија во 2006 година и работел како психијатар во Бернбург, јужно од Магдебург.

На 23 декември комесарот за антирасизам на федералната Влада, Рим Алабали-Радован, изрази загриженост по извештаите за антимуслимански напади по нападот во Магдебург.

„Нашите центри за антирасистички советувалишта во Магдебург и околината известуваат за сè понепријателската атмосфера и насилни напади врз мигрантите и муслиманите“, рече таа и додаде: „За жал, овој акт сега се користи како излез за да се дозволи расизмот да го продолжи својот тек. Мора да се спротивставиме на секој обид за политичко искористување на овој акт.“

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек, исто така, ги предупреди граѓаните да не ја поттикнуваат омразата кон муслиманите и странците по нападот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ова се најпопуларните имиња во 2024 година во Македонија

Следно

Турскиот претседател во новогодишната порака вети поддршка за мирот во Сирија и Палестина

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop