Германија вели дека Газа им припаѓа на Палестинците, каков било план за протерување би бил „неприфатлив“

February 5, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германија денес категорично го отфрли планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја „преземе“ Газа и трајно да го пресели нејзиното палестинско население во други земји, јавува Анадолу.

Министерката за надворешни работи Аналена Баербок изјави дека решението за две држави со преговори останува единствен пат што ќе обезбеди Палестинците и Израелците да живеат во мир, безбедност и достоинство.

„Јасно е дека Газа – како Западниот Брег и Источен Ерусалим – им припаѓа на Палестинците. Тие ја формираат почетната точка за идната држава Палестина“, рече Баербок.

„Протерувањето на палестинското цивилно население од Газа не само што би било неприфатливо и спротивно на меѓународното право туку тоа би довело и до ново страдање и нова омраза“, предупреди таа.

Исто така, таа нагласи дека ОН, Европската Унија и земјите од Г-7 континуирано се противат на создавањето израелски населби на палестинските територии преку своите резолуции и одлуки.

„Цивилното население на Газа не смее да биде протерано, а Газа не смее да биде трајно окупирана или преселена. Не може да има решение над главите на Палестинците“, рече таа.

Нејзините забелешки се дадени по изјавата на Трамп дека „САД ќе го преземат Појасот Газа“ за време на прес-конференцијата синоќа заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Трамп рече дека населението во Газа треба да се пресели во земји како Јордан и Египет, со тоа што САД ќе ја претворат земјата во „ривиера на Блискиот Исток“.

Предлогот беше отфрлен низ светот и од претставници на ОН и од голем број земји, вклучително Кина, Туркије, Палестина, Саудиска Арабија, Шпанија и Франција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка

Следно

Кузеска: Непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.
Go toTop