Германија со сè поостра критика кон Израел: Мерц бара итен крај на страдањата во Газа

May 27, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес повторно упати силна критика кон обновената воена офанзива на Израел во Газа, повикувајќи ги властите во Тел Авив да го запрат страдањето на палестинските цивили и да дозволат поголема хуманитарна помош, јавува Анадолу.

„Длабоко сме загрижени поради интензивирањето на воените дејства на израелската армија во Газа и ужаснати сме од страдањата на цивилното население таму“, изјави Мерц на заедничката прес-конференција со финскиот премиер Петер Орпо во градот Турку, Финска.

„Како што реков и вчера, масовните воени напади на израелската армија врз Појасот Газа веќе не ми се јасни од аспект на борбата против тероризмот и ослободувањето на заложниците. Од тој аспект, многу критички гледам на тоа што се случува последниве денови“, рече германскиот канцелар.

Мерц нагласи дека неговата Влада е во постојан контакт со израелските власти, од кои бара да овозможат повеќе хуманитарна помош за палестинското население, вклучително и обезбедување храна и вода.

Конзервативниот лидер повтори дека германската Влада останува посветена на одбраната на безбедноста и правото на постоење на Израел, како што тоа го правеле сите претходни германски влади, но посочи дека критиката на воените акции на Израел не ја исклучува оваа позиција.

„И јас не сум првиот што го кажува ова“, додаде Мерц. „Верувам дека секоја германска влада мора да биде исклучително внимателна кога јавно говори на оваа тема, но мислам дека дојде време да се прозбори за овие настани што сè потешко се разбираат.“

Канцеларот, исто така, побара од палестинската организација Хамас да го положи оружјето и да ги ослободи сите преостанати заложници.

Германија одамна е постојан поддржувач на Израел, при што политичките лидери постојано ја потенцираат историската одговорност на земјата кон Израел што произлегува од нацистичкото минато и злосторствата извршени врз Евреите за време на Втората светска војна.

Како и да е, Владата на Мерц зазеде критичен став кон Владата на Нетанјаху оваа недела како одговор на обновената воена офанзива на Израел во Газа, која одзеде многу цивилни животи, заедно со предложените планови на израелските министри за протерување на Палестинците и анексија на територијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гаши: Мнозинството е стабилно

Следно

Анчелоти објасни зошто не го повикал Нејмар во репрезентацијата на Бразил

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop