Анчелоти објасни зошто не го повикал Нејмар во репрезентацијата на Бразил

May 27, 2025
1 min read

Селекторот на бразилската репрезентација Карло Анчелоти објасни зошто не го повикал во националниот тим фудбалерот на Сантос, Нејмар.

– Се обидов да изберам играчи кои се во добра форма. Нејмар неодамна имаше повреда. Сите знаат дека е многу важен играч и секогаш ќе биде. Во моментов имаме многу играчи кои се повредени и не можат да бидат повикани во репрезентацијата, како Нејмар, на пример.
Во случајот со Нејмар, сметаме на него. Бразил смета на него. Тој се врати во Бразил за да игра и добро да се подготви за Светското првенство. Зборував со него за да ја објаснам мојата одлука. Целосно се согласува, изјави Анчелоти за „Marca“.

Претходно Анчелоти го именуваше составот на бразилската репрезентација за подготовка за квалификациските натпревари за СП 2026 против Еквадор и Парагвај.

На 26 мај Анчелоти беше промовиран како селектор на бразилската репрезентација. Шеесет и петгодишниот Италијанец ќе ги подготвува „Кариоките“ за Светското првенство во 2026 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија со сè поостра критика кон Израел: Мерц бара итен крај на страдањата во Газа

Следно

ДЗР: За дигитализација на матичните книги 8,5 милиони евра, процесот сè уште незавршен, а дел од граѓаните добиваат изводи издадени на машина за пишување

Latest from Blog

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се
Go toTop