Германија повторно во застој: стотици летови откажани поради снежното невреме, има и жртви

January 17, 2024
1 min read

Стотици летови во Германија се откажани поради екстремните временски услови, кои ја придружуваат снежната бура Гертруда, а на патниците им се препорачува да го проверат статусот на летот пред да се упатат кон аеродромот.

Аеродромот во Франкфурт беше најтешко погоден, каде што беа откажани 570 од 1.047 лета.

„Поради најавените временски услови, на 17 јануари ќе има откажување летови на аеродромот во Франкфурт, што се очекува и на 18 јануари“, се вели во соопштението на портпаролот на аеродромот во Франкфурт. Погоден е и аеродромот во Минхен, каде што се откажани 254 лета.

На западот на Германија беше затворен аеродромот „Забрикен“, а доцнења и откажувања летови се забележани и на аеродромите во Диселдорф и Келн. Откажувањата се очекува најмногу да ја погодат „Луфтханза“, која има свои бази на аеродромите во Франкфурт и Минхен.

Поради екстремните временски услови, во прекин беше и железничкиот сообраќај во Германија, а државниот оператор „Дојче бан“ предупреди на доцнење и откажување. Компанијата откажа неколку меѓуградски линии и објави дека максималната брзина на возовите е ограничена на 200 километри на час.

Локалните власти претходно соопштија дека невремето однело и жртва кога 86-годишен маж загинал кога бил удрен од автомобил додека го чистел снегот од тротоарот, а една жена, која возела, добила полесни повреди./макfax

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лансирањето за мисијата „Ax3“, од која дел е и турскиот астронаут, одложено за утре

Следно

Симов за ТВ24: Вештачката интелегенција не треба да предизвикува страв за изумирање на старите професии

Latest from Blog

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА ДУИ – Наместо илјадници, во Тетово се собраа околу 200 до 300 лица

Партијата протестира против одлуката поврзана со промената на имињата на улиците, собирот помина мирно и без инциденти. Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката поврзана со

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите
Go toTop