Германија не трпи незадоволство

March 24, 2024
2 mins read

Германската влада е до гуша во проблеми. Анкетите покажуваат дека „семафор коалицијата“ на канцеларот Олаф Шолц – составена од Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи – е најмалку популарната влада од почетокот кога се прават вакви анкети во 1997 година.

Со оглед на тоа дека неверојатни 76% од Германците не се задоволни од нејзините перформанси, тоа е веројатно најнепопуларната влада од Втората светска војна.

Причините за ова се едноставни. Германската индустрија е во голем пад, општеството е финансиски преоптоварено од илегалната миграција, а постои непропорционален пораст на насилниот криминал врз жените, Евреите и геј луѓето. Накратко, животот на просечниот Германец станува сè полош.

Јавното незадоволство почна да доаѓа до израз во јануари оваа година, кога германските земјоделци излегоа на улиците да протестираат против зголемувањето на даноците и зелените регулативи за земјоделството. Владата, поддржана од левичарски ТВ куќи, направи сè за неосновано да ги оцрни овие протести како акција на „екстремната десница“.

Но, тоа ѝ се врати како бумеранг. Обидите да се оцрнат демонстрантите само го зајакнаа чувството на народниот гнев.

Кон крајот на јануари, коалицијата доби малку пауза да здивне кога изби скандал во кој беше вклучен еден од нејзините главни противници, десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија (АфД). Новинари во магазинот „Коректив“ открија дека високи соработници на АфД присуствувале на „таен состанок“ со различни личности од таканаречената нова десница а меѓу другото, се разгледувале предлози за масовни депортации на мигранти – вклучително и германски државјани кои се потомци на мигранти. АфД брзо се огради од овие предлози и ги отпушти прозваните.

Подоцнежните информации сугерираат дека тврдењата на Коректив за „заговорот“ за депортација биле претерување. Сепак, владината коалиција, поддржана од главните медиуми, беше решена да не дозволи овој скандал да пропадне. Митинзи против АфД се одржаа ширум Германија, на еден од нив присуствуваше и самиот Шолц. Неколку владини фигури, поздравени од мејнстрим медиумите, ги повторија своите повици за целосна забрана на АфД.

Најалармантно е тоа што владата ја искористи оваа можност да го истурка својот „нацрт-закон за промоција на демократијата“. И покрај убавото име, овој Орвеловски предлог всушност сака да ја ограничи демократијата, слободниот говор и партискиот натпревар во корист на германската левица и зелената елита. Со нацрт-законот ќе се одвојуваат повеќе средства за телата кои се борат против она што тие го сметаат за „екстремизам“.

Меѓу проектите на кои им се ветуваат повеќе пари е и таканаречениот Мелдесистем, онлајн портали кои им овозможуваат на луѓето да ги пријавуваат своите сограѓани за наводно неприфатливи „десничарски“ ставови, како на пример дека постојат само два пола или дека трансжените се мажи.

За потпретседателот на германскиот парламент и член на либералните Слободни демократи, овој нацрт закон е напад на слободата на изразување а Матијас Бродкорб, поранешен министер за социјалдемократите во Мекленбург-Западна Померанија, го осуди како „срам за демократијата“.

Тешко е да се избегне впечатокот дека, далеку од промоција на демократијата, германската влада сака да се заштити себеси од опозицијата, пишува Уве Стеинхоф.

Првите имиња на германската служба за безбедност веќе не се ни преправаат дека се неутрални и се придружија кон повиците за забрана на АфД.  Нејзиниот претседател Томас Халденванг изјави дека  за одбрана на демократијата, државната власт не треба да биде „насочена само против“ актите на насилство, туку и против „променливите вербални и ментални“ дејствија.

Со други зборови, германските елити отворено тврдат дека тајните служби треба да дејствуваат како полиција на мислите.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во ДИК утре ждрепка за утврдување на редоследот на претседателски кандидати

Следно

Ериксон: Ми се исполни детскиот сон

Latest from Blog

Божиновска: Во јули домашното производство покри 94,7% од потребите за струја во Македонија

Македонија во јули произведе 460,8 GWh електрична енергија, со што биле покриени 94,7 отсто од вкупните потреби за електрична енергија во земјата, информираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Вештакот Марковски: „Причината за последиците од пожарот не треба да се бара во состојбата од 2012 година“

Градежните вештаци на денешното рочиште одговараат на вкрстени прашања од одбраната. Во фокусот на испитувањето се наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и

САД: „Сирија е отстранета“

Овој потег првично беше најавен претходно оваа година, под услов да биде одобрен од Конгресот, објави Ројтерс. Означувањето наметнува ограничувања за странската помош на САД, извозот на одбрана и одредени финансиски трансакции.

ЛДП: Со пари на народот го направија скопскиот аеродром единствен негативен преседан во целиот регион

Владата на ВМРО-ДПМНЕ излажа дека ќе се бори против монополите и дека ќе се залага за пазарна диверзификација, а го направи токму спротивното. Со пари извадени директно од џебот на даночните обврзници,
Go toTop