Германија и Украина бараат продолжување на Договорот за жито

July 4, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Владимир Зеленски побараа продолжување на Договорот за жито за време на телефонскиот разговор, изјави денес владиниот портпарол Штефен Хебестрајт, јавува Анадолу.

„Канцеларот Шолц и претседателот Зеленски повикаа Договорот за жито под покровителство на Обединетите нации да се продолжи по 17 јули, што помага да се подобри глобалната ситуација со храната“, додаде Хебестрејт.

Минатиот месец генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изрази загриженост дека Русија на 17 јули ќе се откаже од Договорот што овозможува безбеден воен извоз на жито и ѓубрива од три украински пристаништа на Црно Море.

Тој ги даде овие изјави откако рускиот претседател Владимир Путин на 13 јуни рече дека Москва неколкупати се согласила да ја продолжи Иницијативата за црноморско жито, но сега размислува за повлекување.

Москва го поврза продолжувањето на Договорот со вклучувањето на нејзината државна Руска земјоделска банка во меѓународниот платен систем СВИФТ. Исто така, се пожали дека Договорот не го исполнил ветувањето за ослободување на рускиот земјоделски извоз спречен од западните санкции.

Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина во јули минатата година во Истанбул потпишаа Договор за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа преку Црното Море, кој беше запрен по почетокот на војната во Украина во февруари минатата година.

Оттогаш Договорот беше неколкупати обновен, а на 18 мај беше продолжен за уште два месеца.

Во меѓувреме, канцеларот ја потврди „постојаната и непоколеблива солидарност на Германија со Украина“ во војната со Русија.

Шолц рече дека Берлин „ќе продолжи да ја поддржува Украина, вклучително и на воено поле, во тесна координација со европските и меѓународните партнери“.

„Двете страни се согласија да продолжат со својата конструктивна размена со цел да се добие глобална поддршка за мирно решение и да останат во близок контакт“, истакна портпаролот Хебестрејт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интер нуди 30 милиони евра за Лукаку, на потег се сините од Лондон

Следно

Петер Стано: ЕУ спроведе мерки против Косово бидејќи Приштина не ги презеде потребните чекори

Latest from Blog

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во

Вечер за паметење со Симон Трпчески во Охрид: „Сите си го сакаме бисерот на Македонија, сега полесно се стигнува“

Македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески синоќа приреди незаборавна музичка вечер во Античкиот театар во Охрид, каде пред публиката не само што ја презентираше својата музика, туку сподели и лични спомени
Go toTop