Германија ги декласираше Шкотите на отворањето на Европското првенство

June 14, 2024
1 min read

Германија ја победи Шкотска со 5:1 на првиот натпревар на ЕП 2024 на „Алијанц Арената“ во Минхен.

Фудбалерите на Џулијан Нагелсман одиграа неверојатно прво полувреме во кое целосно го надиграа противникот и остварија три гола предност.

Флоријан Вирц го отвори резултатот во десеттата минута, а веднаш потоа Џамал ​​Мусиала погоди атрактивно за својата екипа. На крајот на првото полувреме Каи Хаверц постигна гол од белата точка, а непосредно пред тоа Портеус беше исклучен со директен црвен картон поради прекршокот над „панцирите“, Илкај Гундоган.

Темпото по паузата очекувано не беше толку високо, но влезениот од клупата, Никлас Фулкруг постигна спектакуларен гол во 68. минута. Во 87. минута Антонио Рудигер си постигна автогол, но во 93. минута Емре Чан со удар од далечина ги постави конечните 5:1.

Така, Германија жестоко го започна домашниот шампионат и несомнено веќе е меѓу големите фаворити за освојување на титулата. Утре се игра натпреварот меѓу другите две селекции во групата – Унгарија и Швајцарија.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ана Николиќ во мини бикини ги покажа своите заводливи облини (ВИДЕО)

Следно

„Има добри и лоши денови“: Кејт Мидлтон открива како минува низ хемотерапиите

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура

Николоски: 130-тонски машини копаат до 28 метри под земја за изградба на најтешкиот дел од автопато Охрид-Кичево

Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот
Go toTop