Германија е парализирана од коалицирања

September 24, 2023
2 mins read

„Највисокиот германски банкар е секако целосно во право. Проблемот беше во тоа што не го кажа“, пишува Метју Лин во британски Телеграф, според кој германскиот естаблишмент се покажа неспособен да ја идентификува клучната причина за неуспехот на неговата земја: катастрофалното носење одлуки и политичката култура.

Дојче банк, денес е само сенка на некогашната. Нејзината пазарна вредност е околу 70% помала од нејзиниот врв во 2007 година, а сега вреди само една третина од француската БНП Парибаа. 

Земјата падна во рецесија минатата година. Сега економијата е рамна, но се очекува повторно да се намали оваа зима, што ја прави земја со најлоши резултати во Г-7. Извозот сè уште е само 0,2% поголем од нивото пред пандемијата, перформанси што прават и безначајниот  британски да изгледа позитивно блескаво, пишува Лин.

Севинг правилно детектирал дека неговите сонародници, предолго погрешно ја имале „идејата дека економијата ќе продолжи да функционира сама по себе и дека не треба да се прави многу за да успееме“. Но, тој не успева да го забележи проблемот во основата на ова.

Германија имаше извонредна среќа во првите две децении од овој век. Замената на моќната германска марка со далеку послабото евро значеше дека нејзината валута беше драматично потценета, што ѝ овозможи да создаде огромни трговски суфицити и да доминира со огромен опсег на индустрии каде што инаку можеби не можеше да се натпреварува. Во меѓувреме, индустријализацијата на Кина беше изградена на германски машини. И имаше пристап до евтин руски гас, што ѝ дозволуваше да продолжи со тешките индустрии жедни за енергија – огромната фабрика БАСФ во Лудвигсхафен користи приближно исто толку гас колку цела Швајцарија.

Оваа среќна комбинација на околности создаде илузија на постојан просперитет што ѝ овозможи на Германија во ерата на Меркел самозадоволно да му држи лекции на остатокот од светот, притоа жнеејќи трговски суфицити како да ќе траат засекогаш.

Таа среќа сега ја снема.

Војната во Украина значеше вадење на евтиниот руски гас од равенката. Комбинирано со катастрофалната одлука да ги затвори своите нуклеарни централи, Германија едвај успеа да избегне темници, ама затоа плаќаше неверојатни цени за енергија на глобалниот пазар. Фабриките веќе се затвораат бидејќи не можат да си дозволат струја.

Се чини дека Кина ја купи сета германска технологија што ѝ треба и сега безмилосно ја врти кон својот поранешен учител. Кинеските автомобилски компании би можеле да ги уништат германските автомобилски гиганти, а планираните тарифи на ЕУ за кинеските електрични возила се чини дека ќе бидат предоцна да ги спасат.

Во меѓувреме, Германија не успеа да се дигитализира, а факс машината сè уште е вообичаен канцелариски апарат. Земјата која толку добро капитализираше од првата и втората индустриска револуција ја нема никаде во третата.

Финансискиот колумнист на Телеграф бележи дека земјата некако успеа да потфрли уште пожалосно и од Британија во модернизирањето на инфраструктурата.

„Вистинскиот проблем е подлабок. Германскиот консензуален политички систем се заснова на коалицирање, концепт кој многу го фалат центристите во оваа и други земји, но тој концепт не е способен да протурка радикални промени и модернизација што и е потребна на земјата“.

И покрај сите негови грешки и преголемото его, францускиот претседател Макрон сепак направи значајни про-бизнис потези, намали некои корпоративни даноци и ја стенчи надуената социјална држава. И Џорџија Мелони се обидува да ја реформира стагнантната економија на Италија.

Од друга страна, Германија е парализирана од коалиција составена од Социјалдемократите, Зелените и Слободните Демократи кои не можат да се согласат за речиси ништо битно.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР: Седум македонски државјани биле во хотел во непосредна близина на извршениот напад врз косовските полицајци

Следно

Тим Даусон: Кога владата ќе ја преземе улогата на овековечување на лагите е длабоко длабоко предизвикувачко сценарио

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop