Германија бележи пораст на нападите врз засолништата за бегалци, 80 пријавени оваа година

August 2, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Бројот на политички мотивирани напади врз засолништата за бегалци во Германија постојано се зголемува од почетокот на минатата година, при што во првата половина од оваа година се пријавени 80 напади, во кои главно учествувале екстремни десничарски активисти, јавува Анадолу.

Германската Влада соопшти дека имало извештаи за 80 политички мотивирани напади во првата половина од оваа година во кои засолништа за бегалци биле место на злосторство или директна цел на напад, објави денес германската новинска агенција (ДПА).

Од нив, 74 наводно биле извршени од осомничени десничари, заедно со две кривични дела поврзани со феноменот „странска идеологија“. Во еден случај полицијата го класифицирала делото како „верска идеологија“.

Полицијата забележала 52 политички мотивирани злосторства во засолништата за бегалци и мигранти во првата половина од 2022 година, со зголемување од 71 во втората половина.

Според податоците на германската Влада, во вториот квартал од 2023 година во нападите врз барателите на азил и бегалците во засолништата биле повредени 39 лица, меѓу кои четири деца.

Реагирајќи на најновите бројки објавени од Владата, портпаролката на партијата Левица , Клара Буенгер, прашањата на бегалците ги нарече „алармантни“.

„Алармантно е што луѓето што овде бараат заштита толку често доживуваат насилство, непријателство и исклучување“, рече Буенгер.

Во последниве години Германија е сведок на растечки расизам, поттикнат од пропагандата на екстремно десничарските групи и партии, кои ја искористија бегалската криза и се обидоа да поттикнат страв од мигрантите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Kaко во различни делови од светот изгледаше првата „супермесечина“ за овој месец

Следно

Од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, порача Пендаровски од Пелинце

Latest from Blog

ПОЧНУВА ЛЕКУВАЊЕ НА РАК СО РУСКИ ВАКЦИНИ: Овие пациенти ќе бидат првите што ќе ги примат

Развојот на вакцина против рак се одвива според планот, меланомот ќе биде првата болест што ќе се лекува, изјави денес рускиот министер за здравство Михаил Мурашко. „Сè оди според планот, како што

Араухо беше во Ерусалим и Уругвај, па се врати на тренинг во Барса

фото: Víctor Navarro @victor_nahe (X) Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, се врати на тренинзи во Барселона. Уругвајскиот дефанзивец денеска учествуваше на отворениот тренинг на тимот. За потсетување, на почетокот на декември, Араухо
Go toTop