Герасимовски: Вандализмот е проблем на сите, родителите да соработуваат со институциите

December 19, 2024
1 min read

„Вандализмот и малолетничката деликвенција, кои подолг период се присутни во Општина Центар, бараат заеднички напори за надминување. Во постојана комуникација сме со Полициската станица БЕКО и инспекторите од МВР. Доставени се сите снимки. Тоа што го имам како последна информација е дека на разговор се повикани родители на дел од децата што учествувале во таа толпа“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во утринската емисија на телевизија Телма.

Герасимовски, истакна дека малолетните лица, основци и средношколци во ноќните часови ги вознемируваат граѓаните нарушувајќи го јавниот ред и мир со уништување на детските и спортските игралишта.

„Летото се реализираа повеќе полициски контроли и акции со МВР, додека траеа истите имавме и намалување на девијантните појави. Но, по завршувањето на летниот период сега повторно се појавува“, потенцираше Герасимовски.

На прашањето за иницијативата на Општина Центар за измени во Законот за семејство и воведување на општествено корисна работа, градоначалникот истакна:

„Инициравме предлог-измени и доставивме допис до ЗЕЛС. Веке подолг период се залагаме да се воведе општетсвено корисната работа како мерка за вандализмот кај малолетните лица. На вчерашната средба со градоначалниците  дискутиравме како да го се справиме со оваа појава. Се согласивме дека Центар не е единствената општина каде што има вакви проблеми. Ова е предизвик со кој сите се соочуваме. Решението лежи во соработка меѓу сите ресорни институции. Потребна е обемна акција и кампања, а родителите и семејствата се најважната алка во процесот“.

Герасимовски зборуваше и од лична перспектива:

„Како татко, целосно ја разбирам загриженоста на родителите. Се соочив со слична ситуација дома, кога забележав дека моите две малолетни деца речиси и не комуницираат, ниту со нас, ниту меѓу себе, бидејќи постојано беа на телефоните и играа PlayStation. Пред две-три недели, одлучивме да ги одземеме уредите. Веднаш видовме промена – почнаа да комуницираат, да разговараат, да цртаат, да играат со старите играчки. Моето искуство ми покажа дека децата треба да имаат задачи, да развиваат здрави навики и да ја трошат својата енергија на позитивни активности, а не на негативни“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Магла на патните правци Скопје- Катланово и Македонски Брод- Кичево

Следно

ВЛАДАТА ЈА НАЗНАЧИ ВЕРОНИКА БУЧКОВСКА ЗА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни
Go toTop