Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар

March 22, 2025
1 min read

Во текот на вчерашниот ден, по барање на градоначалникот Горан Герасимовски се одржа итен состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Центар, на кој освен членовите на Штабот присуствуваа инспекциските служби на општината и Командирот на ПС Беко Игор Стаменковски. Главна тема беше разгледување на безбедносната состојба во општината и предлагање мерки за подобрување на сигурноста и заштитата на граѓаните.

На состанокот беа разгледани и дискутирани следните теми: Анализа на безбедноста на станбените објекти – беа утврдени потенцијални ризици и предложени конкретни мерки за зголемување на безбедноста, како и анализа на угостителските објекти – дискутирани беа мерки за подобрување на безбедноста и усогласување со прописите. Исто така се разговараше и за функционалноста на хидрантната мрежа во станбените и деловните објекти, секако и за мерките за подобрување на безбедноста на училиштата и градинките.

 ,,Првиот состанок го имавме со директорите на сите општински основни училишта, затоа што безбедноста на децата за наш е најважна. Сите училишта и градинки имаат изработено План за заштита и спасување, Процена на загрозеност на институцијата и за истите имаат добиено позитивно мислење од Дирекцијата за заштита и спасување, што потврдуваме дека имаме темелна основа за континуирана превенција и обезбедување на безбедна средина за нашите деца.” истакна Герасимовски.

Инспекторот за домување доби насоки и задолженија во текот на следната недела да закаже состанок со управителите на станбени, станбеноделовни и деловно-станбени згради како и со регистрираните заедници на сопственици, во врска со почитувањето на пропишаните норми и стандарди за домување, особено во делот за заштита и спасување (хидранти, пп апарати, лифт, фасада итн.)

,,Ќе се вршат инспекциски надзори, ќе се превземаат инспекциски мерки и ќе се носат инспекциски акти во врска со почитувањето на одредбите од Законот за домување, Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради како и останатата законска како и подзаконска регулатива која е во наша надлежност во однос на Плановите за одржување на станбените згради како и застапеноста на противпожарната опрема и одржувањето на истата. Исто така ќе бидат известени надлежните институции и органи во однос на противпожарната опрема во зградите каде истата не е застапена или е нефункционална. Дополнително, во текот на следната недела ќе закажеме состанок со Подрачното одделение за заштита и спасување – Центар, во однос на заедничка акција односно заедничко постапување на службите.” изјави Герасимовски.

Во таа насока, Општина Центар ги потсетува сите угостителски објекти на нивната обврска за преземање на неопходни безбедносни мерки и ги информира дека инспекциската служба на општината ќе продолжи со спроведување на засилени инспекциски контроли.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турското борбено беспилотно летало КИЗИЛЕЛМА го заврши маневарскиот тест

Следно

Трамп протерува над 500.000 мигранти

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка
Go toTop