Герапетритис: Со Египет работиме на обезбедување на правата на Синајскиот манастир Света Катерина

June 5, 2025
1 min read

Прашањата поврзани со Синајскиот манастир Света Катерина беа во фокусот на средбата во Каиро на министрите за надворешни работи на Грција и Египет Јоргос Герапетритис и Бадр Абделати, а шефот на грчката дипломатија посочи дека работат на обезбедување на правата на манастирот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава за државната телевизија ЕРТ, Герапетритис по средбата рече дека нивните односи со Египет „се длабоки и имаат развиено стратешки карактеристики“.

– Со египетскиот министер за надворешни работи разговаравме за прашањата поврзани со манастирот Света Катерина на планината Синај. Се договоривме во непосредна иднина да работиме на обезбедување на правата на манастирот, како и на неговата правна форма и лик. Намерата на Египет и Грција е да одиме напред врз основа на долгогодишната традиција и веќе воспоставениот статус на манастирот симбол поради неговиот грчко-православен култен карактер, рече Герапетритис.

Посетата на шефот на грчката дипломатија на Каиро доаѓа по одлуката на египетски суд во врска со статусотна манастирот Света Катерина.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светски ден на животната средина: ОН алармираат за кризата со загадувањето со пластика

Следно

Одобрен обвинителниот акт за скандалот со Онкологија

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop