Герапетритис: Работиме за дигитализација на услугите на влезните и излезни точки од Грција

September 2, 2024
1 min read

За подобрување, олеснување и дигитализација на услугите на влезните и излезни точки од Грција, говореше министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на средбата со шефовите на конзуларните претставништва во Солун, а паралелно ја истакна важноста што градот и северниот дел на земјата ги имаат за поширокиот регион, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија истакна дека сакаат Солун да биде мостот меѓу Грција и сите други соседни и пријателски земји, за грчката Влада, како што рече, главен приоритет е градот да стане политички и дипломатски хаб на Балканот, а се осврна и на проектите на кои работат, меѓу кои и напорите за дигитализација на услугите на граничните премини.

-Во минатото постоеја одредени прашања во врска со квалитетот на услугите на влезните и излезните точки, особено во северна Грција, со одредени бирократски тешкотии, со доцнења, главно поради недостаток на персонал и инфраструктура. Во Министерството за надворешни работи сме во фаза во која се обидуваме да го зајакнеме персоналот во соработка со грчката полиција, но и да ја подобриме главно дигиталната инфраструктура на Министерството за надворешни работи за да можеме значително да го надградиме обезбедувањето на овие услуги и повеќето да ги дигитализираме и да го намалиме времето на чекање и обработка на сите овие услуги, рече Герапетритис и додаде дека овие активности се во тек и ќе бидат финализирани во следниот период.

На средбата на Герапетритис со шефовите на конзуларните претставништва во Солун присуствуваше и заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областите Македонија и Тракија, Костас Гулекас.

По средбите и контактите во Солун, министерот за надворешни работи рече дека со Гулекас салкале да истакнат дека северна Грција и Солун „се непосреден и главен приоритет на Владата“, дека нивната желба е конкретниот регион да стане „вистински трговски, туристички и културен центар на туризмот, центар што ќе го обедини поширокиот балкански регион, централна и северна Европа, ќе го обедини Блискиот исток, ќе го обедини целиот Медитеран“.

Додаде дека токму ова им го посочил и на претставниците на странските дипломатски претставништва во Солун и дека „грчката Влада во соработка со соседните земји на Балканот, но и во соработка со сите пријателски земји во странство, ќе работи заедно, за Солун да може да стане вистинска порта за нашиот поширок регион, за Европа и за светот“.

– И геополитички и од причини поврзани со принципите на нашата надворешна политика, сакаме Македонија да биде силна, силна за Грција и силна за светот. Колку се посилни Солун и северна Грција, толку е поголем отпечатокот на нашата земја во Европа и светот и затоа, силната дипломатија, силната национална одбрана, силната економија ќе се спојат, ќе инвестираат во просперитетот на северна Грција и развојот на нашиот Солун, рече Герапетритис.

Министерот за надворешни работи на Грција денеска беше во Солун во пресрет на традиционалниот Меѓународен саем што ќе се одржи од 7 до 15 септември.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Путин пристигна во Монголија, која може, но нема, да го апси

Следно

Гаши за интерпелацијата: Ова е одраз на демократијата, пратениците да гласаат според своето лично убедување

Latest from Blog

Лазаров синдром: Докторите го прогласиле за мртов, се разбудил по 30 минути и ги шокирал сите

Мажот доживеал два срцева удари и покрај повторените обиди за реанимација, не покажал знаци на живот, па медицинските лица решиле да го прогласат за мртов и да ги повикаат погребалните служби, објавува

ЛШ: Лудило во Торино за 4:4, Реал со два пенали до победа, историска сензација на Карабах (ВИДЕО)

Со два гола од белата точка на Мбапе, Реал Мадрид го доби дербито на вечерта во Лигата на шампионите против екипата на Олимпик Марсеј на „Сантијаго Бернабеу“. „Кралевите“ славеа со 2:1 во

Муцунски ги пречека Престон Лајонс – промотори на македонската култура и традиција

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски му посака Добредојде на фудбалскиот клуб од Австралија – Престон Лајонс. -Вечерва во Скопје имав чест, веднаш по слетувањето, да го пречекам тимот на Престон Лајонс

ФИФА ќе им исплати 355 милиони долари на клубовите кои имаат репрезентативци во квалификациите за СП 2026

ФОТО: FIFA.COM Секој клуб што има свои играчи во националните тимови за квалификациските натпревари и за Светското првенство ќе добие финансиска компензација од фонд вреден 355 милиони долари, што е дел од
Go toTop