Геодезите обвинуваат за притисоци

March 19, 2024
1 min read

Геодетите обвинуваат дека и натаму имаат притисоци од директорот на катастар Борис Тунџев.Комората на геодети застана зад своите членки. Од комората велат дека ќе сторат се да се спротистават на Агенцијата за катастар, бидејќи тие со своите репресии почнаа да бидат виновници за затворање на одредени фирми.

Од геодетската комора уште еднаш ја обвинуваат агенцијата за кататастар поточно нејзиниот директор, дека сега тој влијае врз одликуте на судската власт кои врз геодетските компании носи контрадикторности.

„Комората застана на патот за своите членки, што е едно од основните начела на поморското здружување, сега тоа на агенцијата и засмета и со крајно сомнителни одлуки, и против уставни промени на против законски акти ја тргнаа комората на страна и влегоа во директно пресметување, со приватните геодетски компании,овој пат сакаме да го изразиме и огромниот сомнеж дека за сето ова што го прави агенцијата добива помош и од судската власт, ако до пред две години правдата беше задоволена со одредени судски одлуки сега комората почнала да добива до некаде и скандалозни пресуди од страна на управниот суд, а најново нешто што ја немаме одлука официјално е од уставен суд.“ – вели Никола Рибаровски претседател на комора не геодети.

Неколку години постои вистинска тензија помеѓу Комората на геодети и Агецијата за катастар. Телевизија 24 неколку пати денеска се обиде да стапи во контакт со директорот Борис Тунџев но тој не одговори на нашите повици.Во мѓувреме се зголемија цените за услугите на геодетите но и услугите на катастарот.Тројно поскапеа дел од катастарските услуги.

При купување нов стан и упис во Катастар, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари. Значително поскапување има и кај премерот што го прават геодетите, како и за самото изготвување на планот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна имплементацијата на Законот за спречување на нефер трговски практики

Следно

Кампања „Паркирај совесно и одговорно“

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни
Go toTop