Генералштабoт на Украина: Непријателот продолжува со нападите претрпувајќи големи загуби

February 3, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Генералштабот на Украинската армија објави дека Руската армија продолжува со нападите последните 24 часа во правците на Лиман, Бахмут, Авдијивка и Новопавливка, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Генералштабот се наведува дека руските трупи извршиле 4 ракетни напади врз градот Краматорск во Доњецката Област, од кои два погодија цивилна инфраструктура.

Во соопштението, во кое се наведува дека руските сили извршиле 5 воздушни напади, се вели: „Извршени се повеќе од 70 напади со повеќецевни ракетни системи врз цивилни објекти во регионите Херсон и Миколаев. Во непријателските напади има загинати и ранети цивили. Непријателот претрпувајќи големи загуби, продолжува да напаѓа во правците Лиман, Бахмут, Авдијивка и Новопавливка.“

– Украинските сили гранатираа области во кои се концентрирани руските војници

Во соопштението се наведува дека Украинските вооружени сили ги одбиле руските напади врз местата Стелмахивка, Невске, Билогоривка во областа Луганск, и местата Николаевка, Краснаја Гора, Парасковеевка, Бахмут, Иванивске и Курдјумовка во областа Доњецк.

Информирајќи дека во правец на Лиман, во нападите биле погодени местата Терни, Макејевка, Червонопопивка, Диброва и Торске во областа Луганск, во соопштението се додава: „Во правец на Бахмут, во нападите беа погодени и местата Спирне, Билогоривка, Парасковиивка, Веселе и Иванивске во регионот на Доњецк“.

Покрај тоа, во соопштението се посочува дека Украинските воздухопловни сили во последните 24 часа 4 пати ги погодиле областите во кои биле концентрирани руските војници и уништиле руско беспилотно летало од типот „Мерлин“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Градоначалникот Стојкоски имаше средби со граѓани од Ѓорче Петров

Следно

25 модератори добија серитификати – ќе бидат комуникација помеѓу општинските власти и граѓаните

Latest from Blog

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што

Се урна авион во Денвер, има загинати

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“

На 10 септември закажана седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР

На 10 септември е закажана седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ, кое
Go toTop