Генералното Собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за Сребреница

May 23, 2024
2 mins read

Генералното Собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за Сребреница. Со мнозинство гласови за, одлучено е 11 јули да се прогласи за ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница каде во 1995 година, беа убиени преку осум илјади босански муслимани.

Резолуцијата, предложена од Германија и Руанда, поддршка доби од уште десетина други држави, вклучувајќи ги сите поранешни југословенски републики, освен Србија.

„Резултатот од гласањето е следен: за гласаа 84 држави, против – 19 , воздржани се 68..Нацрт Резолуцијата е усвоена.“ – изјави Денис Френсис претседател на генералното Собрание на Обединетите нации.

Во резолуцијата се потсетува на пресудите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг и меѓународниот суд на правдата во Хаг, кои злосторството во Сребреница го окарактеризираа како геноцид. Меѓу другото, го осудува негирањето на геноцидот и величењето осуденици за воени злосторства. 

„Пред речиси 30 години, преку 8 илјади босански муслимани се систематски убиени во градот Сребреница. Убиствата почнаа на 11-ти јули 1995 година и траеа неколку денови. Претходното тврдење за Сребреница како безбедна зона преку резолуција на советот за безбедност не успеа да го спречи ова злосторство. Овој акт на геноцид, доведе до трагична смрт на жртвите и до незамисливи страдања на преживеаните.“ – изјави Антје Леендерсте амбасадор на Германија во ОН.

Официјален Белград негира дека во јули 1995 година во Сребреница бил извршен геноцид врз Бошњаците, туку дека станува збор за страшно злосторство. За српскиот претседател Александар Вучиќ, со одлуката, се отвора Пандорината кутија.

„Резолуцијата нема да придонесе за зајакнување на довербата, туку ќе отвори стари рани и ќе донесе нови поделби во регионот и во Обединетите нации. Бев во Сребреница и им се поклонив на бошњачките жртви, но за малку ќе бев линчуван. Зошто се носи резолуцијата кога станува збор за индивидуална одговорност, а сите одговорни се веќе осудени? Во оваа резолуција нема конкретни имиња. Се зборува за се и сешто. Имаше барање за помирување. Дали оваа резолуција ќе донесе било какво помирување ? Не, нема да го направи тоа.“ – изјави Вучиќ.

Но, дали резолуцијата ќе доведе и до распад на Босна и Херцеговина. Првиот човек на на Република Српска, Милорад Додик тврди дека државата дошла до својот крај, и дека сега е вистинсиот момент сите да тргнат на различна страна.

„Имаше многу болни работи кои ги прифативме, и ние и тие кои беа пред нас и сите преставници на владата. Без никакво оправдување, сакам да кажам дека тоа беа такви историски, безбедносни, политички околности во кои меѓународната заедница ја наметнуваше својата воља. Тогаш изборот беше или да исчезнете или нешто да дадете. Ние моравме нешто да дадеме за да дојдеме денес до ситуација кога можеме да бараме мирен излез. И тоа ќе се обидеме да го направииме во следните неколку години. Бидејќи ввака навистина не функционира.“ – рече Додик.

Во финалниот текст беа вметнати и два амандмани, кои нагласуваат дека „кривичната одговорност според меѓународното право за кривичното дело геноцид не може да се примени на ниту една етничка, верска или друга заедница како целина.

Во пресудите на меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг и на Меѓународниот суд на правдата, повеќе од 50 лица беа осудени на околу 700 години затвор. Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, добија доживотен затвор.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

„Вооружувањето на српската армија е одбранбено, не претставува закана за регионот“

Следно

МЗ не реагира на наводите и насоките од ДЗСИ

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop