Генерално мирна новогодишна ноќ – 20-годишно момче прободено со нож, на Токсикологија ист број како и лани

January 1, 2024
1 min read

реклама


Новогодишната ноќ помина главно мирно, ова е оценката на министерот Спасовски кој додаде дека воедно и безбедносната состојба била стабилна. На територијата на целата држава мислам дека имаше апсолутно поволна безбедносна состојба во текот на целата вечер со мал број  на инциденти и сообраќајни незгоди, истакна Спасовски.

„Биле единствено нарушување на јавен ред и мир или вкупно ако сакаме, имаме вкупно 12 кривични дела на целата територија на државата, најчесто недозволена трговија и промет со дрога и секако имаме загрозување на сигурноста. Има вкупно 8 сообраќајни незгоди со материјална штета на територијата на државата. Ова е најмал број на вакви сообраќајни незгоди кои се случиле досега“, вели Оливер Спасовски.

реклама

На Ургентниот центар во Скопје освен повредени во три сообраќајни незгоди бил донесен и 20-годишен пациент со убод од нож. Тој е примен на Клиниката за торакална хирургија и е во стабилна состојба.

„Во текот на Новогодишната нож во Ургентниот центар во Скопје биле извршени 103 прегледи од кои 3 сообраќајни незгоди. Едниот пациент е примен на клиниката за дигестивна хирургија за понатамошен третман и е во стабилна состојба, три физички напади од кои што исто така едниот пациент е примен на Клиниката за тораковаскуларна хирургија, се работи за убод со нож кој е исто така примен за натамошен третман и е во стабилна состојба“, порача Един Сајфула.

реклама

И ноќта на Клиниката за токсикологија нема зголемување на бројот на случаи во однос на претходните години и нивниот број е 23 и тоа 12 женски и 11 машки лица. Сепак она што загрижува според доктор Кирил Наумовски главно се јавуваат лица кои користеле наркотични средства.

„Го држиме просекот во однос на изминатите години 23 прегледи, заради акутни интоксикации од кои што 12 со 11 се полнолетни и малолетни, така што добри сме. Во однос на годините најмладите пациенти оваа година беа над 14 годишна возраст. Бројот на акутни интоксикации поврзани со психоактивни супстанци расте секоја година. Многу често се случува дел од пациентите да не ја кажуваат ни вистината кога ги прашуваме и најчесто кажуваат дека е само алкохол“, вели Кирил Наумовски.

реклама

Инаку најмладиот кој се јавил на Токсикологија имал 14 години, додека највозрасниот имал 63 години.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Тажен и прекрасен свет: филм 2005-2015″ – нова книга на Дејан Трајкоски

Следно

Дедо Мразовци на мотори возеа низ Свети Николе

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop