Генералниот комесар на УНРВА по посетата на Газа: Хуманитарната ситуација е многу потешка

November 25, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Хуманитарната ситуација во Појасот Газа е многу потешка, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), јавува Анадолу.

Борбите меѓу палестинската група на отпорот, Хамас, и Израел во Газа прекинаа вчера откако стапи на сила договорот за четиридневна хуманитарна пауза.

„Зимата многу брзо се приближува, а во Газа станува постудено. Кожните заболувања и дијареата експоненцијално се зголемија како резултат на нехигиенските услови влошени од дождот“, истакна генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини, за време на посетата на енклавата.

„Во некои места, стапките на болести се 45 пати поголеми отколку што беше во претходните години“, рече тој. „Како што реков претходно, само прашање на време е кога луѓето во Газа ќе почнат да умираат поради опсадата и недостатокот на основни потреби, а не само поради бомбардирањето“.

Лазарини го повтори своето барање за долготраен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа.

„На луѓето им треба оддишка, тие заслужуваат мир, заслужуваат да спијат ноќе без да се грижат дали ќе успеат да преживеат“, рече тој. „Колку подолго трае оваа војна, толку е подлабока поларизацијата, гневот, фрустрацијата и толку подалеку сме од можноста за политичко решение“.

Израел и Хамас вчера разменија 24 Израелци и странци за 39 Палестинци од израелските затвори, на првиот ден од хуманитарната пауза.

Според договорот, заложниците ќе бидат ослободувани во групи во текот на четирите дена.

Израел започна масовна воена кампања против Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас минатиот месец.

Оттогаш во израелските напади загинаа најмалку 14.854 Палестинци, од кои 6.150 деца и над 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата.

Бројот на загинати во Израел, според официјалните податоци, изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Облачно со врнежи од дожд, на планините снег

Следно

Сопругата на Денко Малески: Зошто жестока врева од изјавата на Ахмети дека ОНА направило избор Албанците да бидат државотворци и господари

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop