Генерален штрајк во знак на протест против израелската војна во Газа го парализираше Западниот Брег

December 11, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) 

Сеопфатен штрајк на Западниот Брег во знак на протест против израелската војна во Газа ги парализираше денес на Западниот Брег сите аспекти на животот на окупираната палестинска територија, пренесува Анадолу.

Сообраќајот е прекинат во сите провинции на Западниот Брег, институциите, банките, училиштата, министерствата и продавниците ги затворија своите врати, а запрена е и локалната берза.

Штрајкот се совпаѓа со глобалната покана за штрајк на солидарност со Појасот Газа.

– Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1 декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени приближно 18.000 Палестинци, а ранети се над 49.229 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отворање на 6. Меѓународна изложба „Ex Libris – Скопје 2023“

Следно

Продолжува амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2024 година

Latest from Blog

Нов инцидент: Кинеската војска распоредила поморски и воздухопловни сили

Пекинг тврди дека хеликоптери од бродот го нарушиле кинескиот воздушен простор над островите Парасел. Кинеската војска соопшти дека распоредила поморски и воздухопловни сили за да ја потисне холандската фрегата, која ја обвинува

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип: Неколку вработени побарале лекарска помош

Неколку вработени во фирма што се наоѓа во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени тегоби кои упатуваат на можно труење со храна. Според првичните информации, повеќе од пет лица почувствувале

Трамп: Иран мислеше дека ќе ме измори, она што се случи синоќа е само увертира

Трамп ги отфрли загриженостите за исходот од претстојните среднорочни избори, нагласувајќи дека верува дека иранскиот режим е без сила и нема друг избор освен да се согласи на договор под американски услови.

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории граѓани

Државата подготвува нов пакет мерки за финансиска поддршка, со кој е предвидено одредени ранливи категории граѓани да добиваат по 3.000 денари месечно. Целта на оваа мерка е да се ублажат трошоците за
Go toTop