Генерален штрајк во Грција поради растечките трошоци за живот

April 9, 2025
1 min read

АТИНА (АА) – Работници и државни службеници во Грција денес започнаа 24-часовен генерален штрајк, барајќи итна владина акција против растечките трошоци за живот што сè повеќе ги оптоваруваат домаќинствата во земјата, јавува Анадолу.

Штрајкот е организиран од Генералната конфедерација на грчките работници и Конфедерацијата на јавни службеници, со поддршка од синдикатот ПАМЕ, поврзан со Комунистичката партија на Грција (ККЕ).

Во Атина и во други делови на земјата беа забележани сериозни нарушувања. Јавниот превоз во главниот град целосно беше во прекин, железничките и поморските услуги беа стопирани – возовите откажани, а бродовите останаа закотвени во пристаништата. Беа откажани и повеќе летови, што предизвика дополнителни проблеми за локалното население и туристите.

Во центарот на Атина илјадници граѓани маршираа до грчкиот Парламент, барајќи повисоки плати и критикувајќи го начинот на кој Владата се справува со економската криза. Меѓу демонстрантите беа и голем број пензионери што побараа враќање на 13. и 14. пензија, укинати за време на кризата со долг во 2009 година.

„Овие плаќања беа од витално значење за нашиот опстанок. Нивното губење турна многумина од нас во сиромаштија“, рече еден пензионер.

На протестот беа забележани и палестински знамиња, како знак на солидарност со Палестина поради тековните израелски воени операции.

Слични демонстрации беа одржани и во други градови, вклучително и Солун, каде што работниците и пензионерите повторно ги истакнаа барањата за подобрување на животниот стандард и враќање на загубените права.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пожар на плац за стари возила кај Психијатриската болница во Бардовци

Следно

Артета откри шокантен податок: Арсенал долго време чекаше гол од слободен удар

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop