Geely го лансира EX5 во Македонија – електричен SUV со 430 км досег

September 12, 2025
1 min read

Geely го претставува новиот EX5, електрично SUV возило кое од денес е достапно и на македонскиот пазар. Овој модел се одликува со современ дизајн, напредна технологија и високо ниво на удобност, создаден за љубителите на електричните возила и патувањата без ограничувања.

EX5 се издвојува со динамичната силуета и модерните LED светла кои му даваат препознатлив изглед на патот. Панорамскиот покрив со интелигентна UV и термо-изолација и автоматско затворање при дожд нуди чувство на просторност и комфор за сите патници. Возилото е изградено врз глобалната интелигентна електрична архитектура (GEA), која овозможува сигурни и ефикасни перформанси. Новиот електричен погон со моќност од 160 kW овозможува брзо и удобно возење, со забрзување од 0 до 100 километри на час за 7,1 секунда. Батеријата поддржува брзо полнење од 30 до 80% за 20 минути, а досегот изнесува до 430 километри според WLTP циклусот.

Внатрешноста на возилото е внимателно дизајнирана за максимална удобност. Седиштата се изработени од повеќеслојни материјали кои овозможуваат поддршка при долги патувања, додека head-up дисплејот со висока осветленост ги прикажува најважните информации без одвлекување на вниманието од патот. Просторните задни седишта го прават возилото погодно за семејни патувања и возење во друштво.

EX5 доаѓа и со напредни системи за безбедност и асистенција при возење, меѓу кои се адаптивниот круз-контрол, автоматско сопирање, систем за откривање на слепи агли и предупредување при отворање врати, што значително придонесува за сигурно возење.

Geely EX5 е електрично SUV возило кое комбинира и балансира модерен дизајн, иновации и практичност, создадено да ги задоволи потребите на возачите и патниците во секојдневните и подолгите патувања.

За сите што сакаат да го искусат возилото, достапни се информации и можност за тест возење во салонот на Geely на Градски Стадион, Северна трибина или на телефонскиот број 076 339 014.

Зад внесувањето на Geely EX5 на македонскиот пазар стои Делфино Мобилити Груп – компанија посветена на развојот и популаризацијата на електричната мобилност кај нас

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Западен Балкан со огромен потенцијал за пумпни хидроцентрали – Македонија не смее да заостане

Следно

ВРЕДИ: Крај на системот што ги штител злоупотребите – време е за одговорност

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop