ГАЗДА ОГРАБИЛ СЛЕП ГОСТИН ВО ВИЕНА: Седум оброци го оставиле без 4.933 евра

September 3, 2026
1 min read

Речиси 5.000 евра наместо вообичаена сметка за седум оброци – толку пари наводно му биле повлечени од картичката на 71-годишен слеп гостин во ресторан во Виена. Мажот во текот на две недели во мај седумпати го посетил ресторанот „Балкан грил“ во округот Бригитенау, но поради оштетениот вид не можел да го провери износот што му бил внесуван во терминалот и му верувал на персоналот. По повеќемесечна истрага, сопственикот на ресторанот Мирсад А. е уапсен, а против него има сомнежи за измама, разбојништво и подметнување пожар.

Според австриските медиуми, износите постепено се зголемувале, а за еден оброк од картичката наводно му биле наплатени дури 2.000 евра. Вкупно биле повлечени 4.933,33 евра.

Случајот бил откриен неколку недели подоцна, кога 71 годишникот со помош на својот асистент ги проверил банкарските изводи. Кога видел колку пари недостигаат, му се слошило и бил пренесен во болница. Парите, според неговото сведоштво, ги штедел за трошоците за сопствениот погреб.

Семејството на оштетениот побарало објаснување од ресторанот. Оттаму првично тврделе дека станува збор за техничка грешка, а потоа дека погрешните износи биле внесени поради малите копчиња на терминалот. По пријавувањето на случајот бил вратен само дел од парите.

Мирсад А. бил уапсен откако се појавил во близина на остатоците од неговиот поранешен ресторан во Флоридсдорф, кој претходно изгорел во пожар. Жена која го препознала ги известила надлежните служби, а обвинителството веќе имало одобрено негово приведување.

Австриските медиуми го поврзуваат осомничениот и со други случаи на тешка измама, разбојништво и подметнување пожар. Овие обвинувања се предмет на истрага и не се докажани со правосилна судска пресуда.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска во Солун: Македонија активно се вклучува во регионалните енергетски процеси

Следно

Лаутаро: Гласините за мој трансфер во Барса беа вистинити!

Latest from Blog

Меџити: Честитки до мојот пријател Албин Курти за реизборот за премиер на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Албин Курти за повторниот избор за премиер на Република Косово. Меџити оцени дека во периодот што следува Македонија

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop