Screenshot

Божиновска во Солун: Македонија активно се вклучува во регионалните енергетски процеси

September 3, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска и утре престојува во Солун, каде ќе учествува на 6. Метрополитен самит „Во пресрет на 2030 година: поврзаност и раст за Југоисточна Европа“, како и на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа.

Божиновска ќе се обрати на панелот „Europe’s imperative vision for a new growth leap“, каде ќе зборува за предизвиците и можностите што ги носи новата европска реалност, со акцент на енергетската сигурност, поврзаноста и регионалната соработка.

Таа ќе учествува и на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа, каде темата на нејзиното обраќање ќе биде „Security, Affordability and Competitiveness in a Changing Energy Landscape“. Фокусот ќе биде ставен на енергетската сигурност, достапноста на енергијата и конкурентноста во услови на брзи промени на енергетскиот пазар.

Според Божиновска, овие прашања имаат особено значење за Македонија, бидејќи регионалното поврзување, развојот на нови енергетски коридори и диверзификацијата на изворите на снабдување се клучни за поголема енергетска независност, стабилност и економски раст.

Особено значаен момент за време на престојот во Солун ќе биде и официјалното приклучување на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор, преку потпишување на Меморандумот за разбирање за негово проширување.

„Македонија има што да понуди и мора активно да учествува во разговорите во кои се креира енергетската иднина на Европа“, порача Божиновска.

Со учеството на регионалните енергетски и економски форуми, Македонија има можност да ги претстави своите интереси и потенцијали, но и да биде дел од процесите за зајакнување на регионалната енергетска поврзаност и сигурност.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јосиба Медикал поставува нов стандард во професионалната опрема за медицинските кадри

Следно

ГАЗДА ОГРАБИЛ СЛЕП ГОСТИН ВО ВИЕНА: Седум оброци го оставиле без 4.933 евра

Latest from Blog

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската

Општина Битола: Со јапонска поддршка унапредена училишната инфраструктура

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола заврши реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија во вредност од 80.314 евра. Донацијата придонесува за подобри и

Го фати Јамал за врат, два пати го удри со глава, а сега ја дозна казната (Видео)

Факундо Бернал е фудбалерот на Бетис кој не го дочека крајот на дуелот против Барселона, откако беше исклучен во второто полувреме. Уругвајскиот интернационалец падна на провокацијата и потоа го нападна Ламин Јамал,

Николоски на терен со работниците: Одличен напредок на автопатот Охрид – Кичево

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на работниците ангажирани на изградбата на автопатот Охрид – Кичево оцени дека работите напредуваат одлично. „На терен со вредните работници кои
Go toTop