Газа: Во Рафа од 7 октомври пристигнаа околу еден милион раселени Палестинци

January 4, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестински официјален претставник во Газа за Анадолу изјави дека бројот на раселени што пристигнале во Рафа, во најјужниот дел на Појасот Газа, од почетокот на израелските напади на 7 октомври изнесува околу еден милион.

„Вкупниот број Палестинци во градот Рафа во моментов не е помал од 1,3 милиони, а населението на градот е околу 300.000“, рече Ахмед ал-Суфи, градоначалник на општината Рафа.

Тој истакна дека бројот во засолништата на Агенцијата на Обединетите нации, УНРВА, е околу 713.000, вклучително и раселените надвор од центрите, но регистрирани во Агенцијата на ОН.

Ал-Суфи рече дека од вкупниот број луѓе во градот на јавните плоштади и улици има околу 268.000 лица.

Од почетокот на израелската војна, стотици илјади Палестинци кои бегаат од израелските воздушни напади во градот Газа се упатија кон Рафа.

Напливот на жителите од централните подрачја на Појасот и од областа на Кан Јунис продолжува, поради предупредувањата од израелската војска за итно евакуирање.

Иако израелската војска ги класифицира областите во јужниот дел на Појасот Газа, вклучително и Рафа, како „безбедни“ зони, тие области се подложни на интензивни воздушни напади врз населени домови, што резултира со голем број жртви и повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските безбедносни сили неутрализираа 36 терористи изминатата недела

Следно

Иако рокот се ближи: МВР го затвори пунктот за фотографирање за лични документи?

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop