Газа: Разнесувањето на резервоарот за вода за пиење од страна на Израел е злосторство против човештвото

July 29, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Општина Рафа во јужниот дел на Појасот Газа денес го осуди кревањето во воздух на резервоарот за вода за пиење во населбата Тал ал-Султан од страна на израелската војска како сериозно кршење на хуманитарните норми, јавува Анадолу.

„Детонирањето на главниот резервоар за вода од страна на израелските војници во Тал ал-Султан е злосторство против човештвото и ја продолжува политиката на колективно казнување“, истакна градоначалникот на Рафа, Ахмед Суфи.

Инцидентот го вклучи алармот за влошување на кризата со вода во подрачјето.

„Уништувањето на резервоарот за вода ќе ја влоши кризата во градот и ги повикуваме инволвираните меѓународни субјекти да интервенираат и да ги запрат злосторствата на израелската окупација“, порача градоначалникот.

Претходно во текот на денот израелската Армија призна дека нивните војници се одговорни за бомбардирањето на резервоарот за вода во Тал ал-Султан. Според израелскиот дневен весник Хаарец, започната е истрага.

Еден од војниците објави видео од експлозијата на социјалните мрежи со наслов „Уништување на резервоарот за вода во Тел Султан во чест на Шабат“, објави весникот.

Во последниве денови, меѓу активистите циркулираше видео на социјалните мрежи на кое се гледа како израелски војник поставува експлозивна направа на главниот резервоар за вода во Тал ал-Султан, по што следуваше детонација.

Локалните институции и општините во Газа континуирано ја обвинуваат израелската војска за намерно уништување на водната инфраструктура, бунарите и постројките за десалинизација, што ја влошува кризата со вода за пиење.

Исто така, ограничувањата за гориво наметнати од Израел дополнително ја попречија работата на преостанатите капацитети за десалинизација во регионот.

Не почитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел спроведува брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа почнувајќи од 7 октомври минатата година.

По повеќе од девет месеци израелски напади, големи делови од Газа се во урнатини.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени над 39.360 Палестинци, главно жени и деца, а над 90.900 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид од Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Искри во „медениот месец“ на владината коалиција

Следно

Алтун: Турскиот претседател Ердоган остана непоколеблив во својата борба против глобалната неправда

Latest from Blog

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот. Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на
Go toTop