Гаши: Курти секогаш произведува високи тензии пред да направи отстапки кон Србија

April 5, 2024
1 min read

Шефот на пратеничката група на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши вели дека за време на владеењето на премиерот Албин Курти, кога е во прашање косовскиот север, населен со мнозинство Срби, „секогаш имало тензии пред да се направат отстапки“ кон Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Гаши наброја некои од, според него, отстапките што Курти ги направил за време на владеењето, меѓу кои регистерските таблички, личните документи на косовските Срби, доделувањето на земјиштето на православниот Манастир во Дечане и други.

– Она што е очигледно во овие три години од владата на господинот Курти во однос на ситуацијата на северот секогаш било тензичноста на состојбата пред попуштањето. Значи, секогаш се создавала тензична ситуација, потоа се правела отстапка, почнувајќи од регистарските таблички, личните документи, енергетската криза, бриселскиот и охридскиот договор, доделувањето на имотот на православната црква… Сега веќе го имаме и договорот за прашањето на употребата на српската валута, како и договорот за одржување вонредни (локални) избори на северот, рече Гаши.

Според него, станува збор за моментални популистички дејствија на владата на Курти, со кои ќе се оправдаат отстапките кон Белград.

– Значи станува збор за дејствија на создавање тензии, за потоа да се изврши наводна деескалација, како и за дејствија кои имаат за цел да се создаде моментална народна симпатија за да се направи отстапка, рече Гаши.

Шефот на пратениците на опозициската ЛДК вели дека во политичката историја на Косово нема човек кој лажел повеќе од актуелниот косовски премиер.

– Човекот кој најмногу лажел во политичката историја на Косово е Албин Курти. Во сите негови каузи, рече Гаши во интервјуто за Т7. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Повеќе загинати и повредени во силната снежна бура на североистокот на САД

Следно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Latest from Blog

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е. Зошто е изградена? Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна

Опериран поранешниот бразилски претседател Болсонаро

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денес беше опериран во болница во главниот град Бразилија, соопшти неговото семејство. Болсонаро беше опериран поради хернија, а интервенцијата траеше три и пол часа и помина без

Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа 28-та седница на која донесе повеќе одлуки од негова надлежност. Заменик претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој ја водеше седницата, најнапред му даде збор

Јувентус го убедува Тонали да се врати во Италија

Јувентус ќе направи се оваа зима да го донесе Сандро Тонали. Како што пишува весникот „Газета дело Спорт“ главниот тренер, Лучијано Спалети, е воодушевен од италијанскиот репрезентативец од средниот ред. Раководството на
Go toTop