ГАЛЕРИЈАТА СО ИКОНИ ОСУМ ГОДИНИ Е ПРЕМЕСТЕНА ВО ДЕПОАТА, РЕЧЕ ЉУТКОВ И НАЈАВИ ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

August 20, 2024
1 min read

Музејот на Северна Македонија е во најзагрижувачка состојба од сите институции во културата и веднаш ќе почне реконструкцијата на кровот, за што се обезбедени пари, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Министерот кажа дека после земјотресот и дождовите во 2016, оштетен е кровот каде беше Галеријата на икони со збирка од непроценливо богатство, и оттогаш иконите се премести во депоата, каде, вели тој, исто така условите се несоодветни.

Последната интервенција во Музејот, чија градба е завршена во 1976, е направена во 2010.

„Има проблеми и за вработените. За три години 30 лица заминале во пензија, а е вработено само едно лице. Изработен е проект за целосна реконструкција и веќе сме во постапка за добивање на одобрение на градба, па ќе следи тендер за повеќегодишна јавна набавка“, кажа Љутков.

В. д. директорот на Музејот, Стојче Топуковски,  рече дека вредноста на збирките во Музејот е непроценлива, и оти се надеваат со почетокот на реконкструкциите на објектот„музејот ќе мрдне од мртва точка“.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Месечните трошоци за еден месец пораснале за 629 денари, потребно е зголемување на платите

Следно

МакеКоПроДокс форум и премиера на „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова на МакеДокс

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop