[Галерија] „Замисли нов свет“, претстава во подготовка што ги оживува делата на големиот Горан Стефановски

November 15, 2024
1 min read

Во денешниот свет полн со површни пораки и брзи промени театарот останува едно од ретките места коишто ја доловуваат суштината на човечкото искуство и ги третираат важните прашања со коишто се соочуваме. Оваа есен, репертоарот на МНТ се збогатува со едно ново драмско остварување – претставата „Замисли нов свет“, коешто отвора многу важни прашања за сите нас како општество, но и како човечки суштества.  Проектот ги спојува делата на нашиот голем драмски автор Горан Стефановски со модерниот осврт на режисерката Нела Витошевиќ и носи моќна порака за вистинските вредности кои денес како да сме ги подзаборавиле.

Со премиера закажана за 17 декември, „Замисли нов свет“ е уметнички спој од внимателно избрани теми и дела коишто поттикнуваат размислување за емпатијата и за тоа што значи да се биде дел од една заедница, особено во време кога општеството е сѐ повеќе индивидуализирано. Драматизацијата е на Ана Ристоска-Трпеноска, а претставата ги оживува зборовите на Стефановски кои зборуваат за вечните вредности како што се човечноста, разбирањето и поврзаноста, квалитети што често се губат во денешното секојдневие.

„Театарот е место каде што сѐ уште можеме да видиме и почувствуваме што значи да се биде дел од општеството. Со оваа претстава ја пренесуваме важноста на поврзувањето и емпатијата, вредности коишто Горан ги истражува во своите дела,“ вели Витошевиќ за овој проект. Претставата ја нагласува социјалната и емоционалната длабочина на темите што Стефановски ги претставил на едноставен, но моќен начин – прашања што остануваат релевантни и денес.

Театарскиот проект „Замисли нов свет“ е инициран од Телеком, во рамки на иницијативата #НаправиМесто со која се адресираат предизвиците со коишто се соочуваме како општество и се повикува на нивно надминување. Со иницирање на овој театарски проект, компанијата ги заокружува активностите за оваа година со пораката „Да направиме место, за вистински да се поврземе”.

Како резултат на партнерството со МНТ, оваа претстава ќе остане на репертоарот како вредна инвестиција, која што го пренесува творештвото на Стефановски и неговите пораки за меѓусебно разбирање до идните поколенија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битиќи: Буџетот е за луксузирање на власта, без пари за здравјето, за образованието, за стандардот на граѓаните

Следно

Работна средба на СДА Македонија и СДА Санџак: Во фокус подобрувањето на статусот и позицијата на Бошњаците во регионот

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop