ГАК препорача продолжување на европскиот пат на земјава по усвојување на уставните измени

December 12, 2023
1 min read

реклама


Северна Македонија ќе го продолжи преговарачкиот процес со Европската Унија откако ќе бидат усвоени уставните амандмани, што е предвидено со Преговарачката рамка и со заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, се наведува во заклучоцоте усвоени на денешното заседание на Советот за општи работи на Унијата.

Како што изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по заседанието на ГАК, усвоените заклучоци се фундаментални за напредокот на политиката за проширување и со нив се потврдува напредокот на 10-те кандидати за членство и се испраќа јасна порака за посветеност на проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, Турција, Украина, Молдавија и Грузија.

реклама

– Ова е година на моментум на политика на проширување на ЕУ и драго ми е што не само што успеавме да дадеме предлози до Советот, туку донесoвме и одлуки, рече Вархеји, додавајќи дека сепак конечната одлука околу процесот на проширување ќе ја донесат лидерите на Унијата на Самитот во четврток и во петок.

Шпанскиот државен секретар за ЕУ, Пасквал Игнасио Наваро Риос, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, посочи дека Советот за општи работи усвои заклучоци за проширувањето по долга расправа и во нив е изразена поддршка за овој процес, кој е оценет како важен за иднината на Европа. 

реклама

Во делот од заклучоците за земјава се поздравува првaта меѓувладина конференција одржана во јули 2022 година и успешното завршување на скрининг процесот и се додава дека втората меѓувладина конференција ќе биде свикана без дополнителни одложувања или потреба од носење дополнителна политичка одлука, штом Северна Македонија ќе го заврши процесот на уставните измени, согласно заклучоците на Советот од јули 2022 година.

– Советот ја повикува Северна Македонија да го забрза усвојувањето на овие измени, по што Советот е подготвен да го отвори првиот преговарачки кластер што е можно поскоро, во согласност со Преговарачката рамка. Советот ги охрабрува сите партии во Собранието да се фокусираат на унапредување на реформите поврзани со ЕУ и процесот на пристапување во Европската Унија, се наведува во заклучоците.

реклама

Дополнително, се поздравува нивото на подготовка на земјава во клучните области и се нагласува важноста од забрзување на реформите поврзани со ЕУ и нивна натамошна консолидација и имплементација, пред се, во областите на владеењето на правото и на основните права,  вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинските заедниците.

Исто така, се бара и гарантирање на независноста, професионалноста и непристрасноста на судството, зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал и реформи во јавната администрација.

– Советот изразува сериозна загриженост за некои измени на Кривичниот законик, кој влијае на голем број случаи на корупција на високо ниво, како и на несоодветни надворешни влијание врз работата на Судскиот совет и судството, се додава во заклучоците.

Исто така, се апелира на зајакнување на слободата на медиумите и на изразувањето и се нагласуваат очекувањата за конкретни резултати од имплеметацијата на договорите со Грција и Бугарија. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џафери: Нема никаков проблем јас да бидам кандидат за премиер на техничката влада

Следно

Променливо облачно, температури од -1 наутро, до 14 степени преку ден

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop